9 едноставни чекори како да го подобрите вашето CV

Доброто резиме или CV, е првиот чекор за влез во макотрпниот процес наречен барање работа. Верувале или не, не сите работни позиции се „наместени“ и понекогаш токму вашето одлично изработено CV може да ве однесе на интервју и добивање на вашата работа од соништата.

9-ednostavni-cekori-kako-da-go-podobrite-vaseto-cv-001.jpg

Тоа треба да изгледа професионално, да биде граматички точно, детално да ги опишува вашите квалификации, образование и работно искуство.

CV-то е практично првиот впечаток кој го оставате на работодавецот, а знаете како велат – Не постои втора шанса за прв добар впечаток.

Еве како да го подобрите вашето професионално резиме:

1. Тргнете ја вашата адреса на живеење

Освен што зафаќа непотребен простор, овој факт е целосно ирелевантен во процесот на вработување.

Истражувањата покажуваат дека може дури да влијае негативно при процесот на вработување, бидејќи неретко работодавците оформуваат одредено мислење врз основа на вашето место на живеење.

Едноставно, контакт телефонот и електронската адреса се и повеќе од доволни информации.

2. Секогаш зачувувајте го документот во PDF формат

Изгледа професионално и никој не може да прави измени во вашето CV. Воедно, секогаш може да бидете сигурни дека работодавците ќе го отворат без проблем, за разлика од сите други видови на фајлови во кои може да го зачувате резимето.

3. Вклучете директни линкови

Зошто не би ја ставиле веб страницата од претходната компанија каде што сте работеле? Или директни веб линкови од семинари, работилници кои сте ги посетиле?

Дадете му шанса на работодавачот да се запознае со профилот на компании и институции во кои сте го стекнале вашето работно искуство, доколку не му се познати.

4. Употребувајте броеви наместо букви во описот на вашето работно искуство

Секогаш кога ќе имате можност, употребете броеви за опис на искуството кое сте го стекнале, отколку букви. На пример, 5 години работно искуство, наспрема пет години... 36 месеци, наспрема триесет и шест месеци...

Што мислите, кои податоци полесно ќе ги меморизира вашиот иден работодавец?

5. Вклучете контакти за препораки

Секогаш имајте барем 2 солидни контакти кои можат да ви дадат сјајна препорака, било да е некој поранешен работодавец, професор од факултет или одговорно лице каде што сте волонтирале.

Едноставно, понекогаш ова прави огромна разлика при процесот на елиминација на кандитатите и оние кои остануваат во најтесен избор за работата.

6. Подредете ги податоците по хронолошки редослед

Започнувајќи од последното работно искуство и враќајќи се наназад, внимавајте на временската рамка во која се одвивала вашата професионална надградба.

7. Проверете дали има печатни и правописни грешки

Дали знаете дека најголем дел од CV-јата при процесот на вработување „паѓаат“ на тестот наречен писменост?

Доколку имате повеќе од 3 грешки, сметате ли дека постои реална шанса да ве повикаат на интервју? Вашето CV е ваше огледало, првиот контакт со работодавецот.

Осигурајте се дека е беспрекорно и без ниту една грешка пред да го испратите.

8. Употребете добра фотографија

Фотографии на плажа, непристојни фотографии од кои ѕирка деколтето, премногу шминка, премалку шминка...

Доколку немате добра фотографија, фотографирајте се во фото студио токму за оваа намена. Вашиот професионален изглед во CV-то ќе ви отвори многу врати.

9. Соберете ги информациите на една страница

Тајната на доброто CV е да биде само една страница. Едноставно, работодавците се преморуваат од премногу текст, информации и вртење страници.

Напишете го најсуштинското и никогаш не претерувајте со самопофалби. Ова особено важи за тазе дипломците – зарем верувате дека работодавецот ќе поверува дека имате искуство да пополните 3 страници, штотуку излезени од клупа?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg