6 работи кои не треба да ги правите на социјалните мрежи
Во времето во кое живееме, електронската социјализација доби огромна улога во секојдневната интеракција помеѓу луѓето.
Луѓето секојдневно објавуваат голем број на информации и настани на социјалните мрежи користејќи ги истите како совршено средство за промоција на нови идеи, места или наједноставно како алатка која ви овозможува лесна и едноставна комуникација со многу луѓе.
Сепак, голем дел од луѓето откриваат премногу работи за себе сметајќи дека на тој начин ќе станат позабележани и ќе добијат поголемо внимание.
Вистината е дека голем дел од тие работи, како на пример што јадете или пиете, воопшто не го засегаат никого и покажуваат колку во животот ви недостасуваат вистински пријатели и внимание.
Ова се 6 работи кои во никој случај не треба да ги правите на социјални мрежи:
1. Да го омаловажувате вашиот поранешен дечко/девојка
Која и да била причината за вашето раскинување, седнете и размислете за сите работи кои сте ги имале со него. Сигурно постои добра причина(и) што не сте заедно и тоа ви е сосема јасно.
Секако дека во вас се крие огромен гнев и лутина која треба да излезе на некој начин, но социјалните мрежи воопшто не се вистинското место за тоа. Т
оа што ќе напишете дека бил „најголемиот идиот што сте го сретнале некогаш“ нема да ви помогне да се чувствувате подобро, напротив само ќе ви го одвлече вниманието од сите позитивни работи кои ви ги нуди животот.
2. Да создавате претстава за тоа колку сте идеални вие или вашиот живот
Ако научниците за сите овие години не успеале да најдат нешто идеално и совршено, не трудете се да покажете дека сте попаметни од нив. Секако дека сите ние сакаме да се прикажеме во што поубаво светло пред останатите, но сепак сфатете дека за се постојат граници.
Мудрите мисли од книги и колку е важно да се читаат книги можеби ќе направат да изгледате начитано во очите на некој кој воопшто не ве познава но не заборавајте дека истите ќе бидат тема на подбивања и исмевање на сите оние кои знаат дека последната книга која сте ја прочитале била „Доктор Офболи“ во второ одделение.
3. Постојано да пишувате негативни коментари или шеги
Секогаш постои таа една личност на која ништо не ѝ е погодено во животот и која постојано се жали. Ничиј живот не е лесен и розов, но не сите пишуваат по 20 постови во денот за тоа колку животот е неправеден или колку луѓето се лоши.
Истото важи за постојаните шегаџии. Да, во секое друштво постои тој главен шегаџија, кој секогаш успева да ги насмее сите, но ако вие не сте тој не обидувајте се постојано да биде интересен крадејќи шеги од другите бидејќи голем дел од вашите пријатели веќе ги прочитале и веднаш добиваат сосема поинакво мислење за вас.
4. Да се споредувате со другите
И покрај фактот што на социјалните мрежи сите сакаат да се претставата како совршени суштества, сето тоа е само одраз на нивната недоверба и потребата за потврда од останатите. Не паѓајте во таа замка.
Сликата која ја гледате на социјалните мрежи е само едно мало делче од нечиј севкупен живот, кој верувале или не ги содржи истите проблеми со кои се соочувате и вие но нашминканата и вештачка насмевка навидум ги сокрива.
5. Социјалните мрежи да станат ваш единствен начин на комуникација
Виртуелната комуникација во никој случај не може да ја замени реалната. Најдете време и сретнете се со луѓето кои ви значат.
Да, понекогаш сите имаме премногу обврски и немаме доволно слободно време, и тогаш социјалните мрежи може да ни бидат од голема корист но сепак разговорот на „Skype“, „Messinger“ или „Viber“ никогаш нема да биде така забавен како кафето и смеењето со вашата најдобра пријателка.
6. Социјалните мрежи не е местото за вашите емоции
Сте прекинале долга врска и чувствувате огромна тага и празнина и сосема е нормално вашата тага да ја споделите со некој, но тој некој во никој случај не се вашите 1.578 пријатели на „Facebook“, бидејќи 95% од нив воопшто не ги засега што ви се случило, а тие 5% секако дека веќе знаат колку ви е тешко и ќе ви се јават макар и три пати во денот за да вика кажат дека се тука за вас и да ве ислушаат.
М. С. | Црнобело