20 штетни работни навики од кои треба да се одвикнете оваа година
Ова нека биде годината во која ќе ги направите сите работи кои мислевте дека се невозможни – станете утринска личност, колегата кој секогаш е прв во канцеларија и оној кој секогаш си носи вкусни домашни оброци за ручек.
Никогаш не е доцна за нови почетоци, а секој „први“ во месецот ви е добар изговор за нешто да промените.
Можете да ги предизвикате и колегите, па заедно да се одвикнете од 20-те најштетни навики кои ви го прават деловниот живот неквалитетен.
1. Не пристигнувајте последни на работното место.
2. Потрудете се да не одите мамурни на работа.
3. Престанете да седите 8 часа без пауза.
4. Не останувајте до подоцна, затоа што се чувствувате виновно за грешката која сте ја направиле.
5. Доста молчите за време на важните состаноци.
6. Не нарачувајте ручек секој ден.
7. Не си го трошете времето предвидено за работа на социјалните мрежи.
8. Не се убедувајте дека „не ви е ништо“, а всушност имате вирус. Искористете си ги деновите за боледување.
9. Престанете да се плашите од шефот. Наместо тоа, стекнете почит.
10. Не се жалете од работата на социјалните медиуми.
11. Не се фокусирајте само на вашата работа. Волонтирајте и помагајте.
12. Не озборувајте со колегите.
13. Престанете да прашувате „имаш ли секунда?“ Не е толку страшно да побарате помош.
14. Не ги прескокнувајте собирите после работа.
15. Престанете да бидете достапни во секое време. Во ред е ако не му одговорите на колегата веднаш ако сте претрупани со работа.
16. Не претерувајте со споделувањето на приватни информации.
17. Растуреното и хаотично биро е можеби најголемата грешка која ви ја блокира продуктивноста.
18. Доволно јадевте на биро. Време е да си најдете ново место.
19. Одвикнете се од навиката „ова е најлесно, затоа ќе го средам прво.“ Правете го обратното.
20. Не чекајте до последен момент за да побарате нешто. Без разлика дали се работи за слободен ден или повисока плата, кога сте при крај со нерви, тешко дека ќе успеете.
Д. М. | Црнобело