Кога не ви се работи после празниците, ако треба ќе правите и замок на работа
Во една компанија работниците максимално ја покажале своја креативност...
На барање на нивниот шеф да ги декорираат своите работни маси за да ја надминат постпразничната депресија, решиле да изградат масивен картонски замок.
Најпрво започнале со градење на ѕидовите. Секој ѕид претставува панел во должина од 2m x 1m. Потоа истите ги залепиле со помош на лепило и пиштол.
На секој ѕид лепеле помали картони за истите да изгледаат како да имаат цигли на себе. Вкупно употребиле 480 „цигли“.
Откако сите ѕидови биле цврсто прилепени еден за друг, додале мост и мали црвени знамиња.
Сè на сè им биле потребни 7 часа за целосно да ја завршат конструкцијата. На крајот од напорната работа биле преморени, но се исплатело.
„Вредеше да ги видиме изразите на нашите колеги“ - изјавува еден од креативците.
Погледнете го целиот процес на изработка и финалниот производ:
Н. Г. | Црнобело