Занимања кои може да ви ги уништат бракот и врската
Според податоците за стрес и разводи, истражувачите имаат интересна листа од кариери кои никако не одат заедно со брак или сериозна врска. Дел од нив може и да ве изненадат!
Вработените во казино и слични дејности имаат непредвидено работно време, а често пати работат и за празниците. Токму затоа, едно истражување од 2010 година покажало дека 31% од вработените во коцкарници се разведуваат.
Масерите, без оглед дали се жени или мажи, се исто така најчесто разведувани од своите партнери заради љубомората. Физичкиот контакт кој се остварува со клиентите и посесивноста на партнерот обично се лоша комбинација која завршува со развод во 38% од случаите.
Работата на келнерите исто така е непредвидлив начин за заработка, што може да предизвика стрес, но и многу прекувремени работни саати. Кога ќе ги земете во обѕир овие два фактори, не е ни чудо што над 38% од келнерите и келнерките се разведени.
Славата, трачевите и животот под рефлектори кои го водат спортистите, артистите и танчерите исто така имаат негативно влијание врз врските и семејството. 28% од врските во кои еден од партнерите е јавна личност завршуваат со прекин.
Како стресни занимања исто така се наведуваат и полицајците, војниците, пожарникарите, пилотите, менаџерите, лицата за односи со јавност, новинарските репортери и таксистите.
Си ја пронајдовте професијата?