Што можете да научите од жените милионери?

Доколку сакаме да успееме во животот, мора да се навикнеме да учиме од туѓите искуства. Ако само седиме и фантазираме дека еден ден ќе се разбудиме како милионери, тоа нема да ни се случи...

sto-mozeme-da-naucime-od-zenite-milioneri-1-

Денес и жените и мажите се судираат со тешкотии кога е во прашање успехот, а сите милионерки кои го поминале сличниот пат за да стигнат до богатството, имаат неколку лекции кои може да ви помогнат во личниот успех.

Што имаат заедничко жените милионери?

Секоја од нив имала тежок животен пат и најчесто сите изградиле нешто од ништо. Граделе со својата сила, упорност, талент и идеи. Некои имале тешко детство, а нивната голема упорност секогаш им помагала да ги пребродат лошите ситуации и да продолжат напред.


Кои вештини и таленти се потреби?

Додека за мажите често е доволно само да поседуваат талент, жената мора да поседува висока социјална интелигенција, да биде свесна, флексибилна, пријатна и смела. Сите успешни жени знаат дека приватните грижи треба да ги остават дома и за разлика од просечната жена, тие се емотивно стабилни.

Сепак, како најважна карактеристика е доброто поднесување на социјалните притисоци, со кои луѓето се среќаваат на патот кон успехот.


Што можеме да научиме од нив?

Успешниот човек мора еднакво добро да ги прифаќа падовите и успесите. За него е важно секогаш да биде опкружен со пријателите и фамилијата, кои ќе му ја даваат неопходната поддршка.

Клучот на успехот на човекот милионер се состои во смелоста да ја следи својата интуиција и да го прави тоа што искрено го сака. 

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg