Во гужва сум, ќе те барам!

Овој TOW совет го пишувам како реакција на неколку ситуации кои во последно време свесно или несвесно ги забележувам кај другите, но ги правам и јас лично.

vo-guzva-sum-ke-te-baram-01

Дали ви е познато:

„Извини, во гужва сум, јави ми се подоцна или некој друг ден.“

„Ве молам побарајте ме некој друг ден, во гужва сум.“

„Леле извини те заборавив, ептен сум во гужва.“

Имам чувство како сите да сме во гужва и премногу зафатени!? Размислувајќи на темава сфатив дека веќе и несвесно кога ќе ни се јави некој, првото нешто што ќе нè праша е:

„Извини да не си во гужва? Да те побарам подоцна?“.

Не велам дека ова е некултурно да се праша, но некако како само по себе да ни наметнува да бидеме во гужва. А зарем е можно сите да сме во „толкава“ гужва?

Барајќи повеќе информации за концептот „да сме во гужва“, дојдов до интересно истражување кое покажува дека овој концепт потекнува од 80-тите години на минатиот век кога економската несигурност толку дошла до израз што вработените за да се издвојат од другите работеле повеќе часови од предвиденото за да ја обезбедат нивната работа.

Всушност, зошто најчесто сме во гужва?

 Постојат многу причини кои го објаснуваат ова. Дел од нив сенедоволното добро приоретизирање на обврските, давање преголема важност на нашите обврски и нашето време поради што не би можеле да зборуваме со другите, неделегирање на обврските на луѓе кои може да ни помогнат, преголеми и недоволно јасно поставени лични очекувања и очекувања од луѓето околу нас (менаџери, родители, пријатели и сл.), неразумно поставување рокови за извршување на обврските, преценување на способностите и капацитетите за извршување на задачите и уште многу други.

vo-guzva-sum-ke-te-baram-2.jpg

Многу често грешиме што се фокусираме на тоа дека сме во гужва поради големиот број обврски, отколку да сфатиме зошто, т.е. која е причината што сме во гужва. Затоа, во продолжение ви презентирам некои совети кои може да ви помогнат да не дојде до моментот на „во гужва сум“ и паметно да ги завршите работите:

Ограничете го времето

Колку повеќе ќе го ограничите времето, толку попродуктивни и пофокусирани ќе се чувствувате и помалку време ќе губите на неприоритетни работи.

Ако можете да си дозволите да потрошите само 1 час на еден проект, тогаш потрошете само 1 час и продолжете понатаму.

Користете планер

 Ако навистина имате многу обврски кои треба да ги завршите, користете планер, виртуелен или некој друг тип, кој ќе ви овозможи да ги распоредите обврските на вашиот календар. Понекогаш е многу подобро да потрошите повеќе време на планирање, а да заштедите време на извршување на обврските отколку да се фокусирате да ги завршите сите обврски одеднаш.

Намалете ги непотребните состаноци

Откако еднаш ќе ги избришете непотребните состаноци кои не се продуктивни и не ве водат кон развој на нови идеи и бизниси, значително ќе се подобри ефикасноста на извршување на обврските.

Помогнете им на другите, но не мора веднаш доколку не е толку итно

Доколку некој ве праша за помош околу некој проект, а веќе на вашиот планер имате обврски кои мора да ги завршите што побрзо, едноставно кажете: „Секако дека ќе ти помогнам. Тоа може да го направам до ... (одредете точно време и датум до кога може да го завршите тоа)“.

vo-guzva-sum-ke-te-baram-1.jpg

Ние и само ние го креираме притисокот од недостаток на време

Времето може да биде нашиот пријател или непријател. Кога времето ни е непријател, ќе забележите дека стравот од незавршување на предвидените обврски се зголемува и нормално е во такви ситуации да сме во гужва. Одредени истражувања велат дека итноста на завршување на обврските е само проблем на нашето размислување кога сме под притисок да завршиме нешто. Затоа, секогаш трудете се да ги распоредувате обврските, настаните и задачите кои ги имате

Контролирајте ги вашите очекувања

Коренот на проблемот да бидеме во гужва е дека секогаш сакаме да направиме многу повеќе од тоа што се очекува од нас или сме разумно способни да го направиме. Поради тоа треба да работиме на тоа кои се всушност нашите ограничувања.

Слушајте повеќе

Кога зборувате со други, слушајте повеќе отколку што зборувате. Психолозите знаат дека малку се учи кога се зборува многу. Како резултат на тоа, со слушање повеќе и зборување помалку, вие всушност забавувате и се концентрирате на тоа што другото лице вели, а од тука може да ви излезат многу идеи како поефикасно да ги завршите обврските. Се надевам дека овие совети ќе ви бидат од корист и следниот пат добро ќе размислите пред да кажете дека сте „во гужва“.

Со успех во промените,
Жаклина Герасимовска
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-consulting.com
www.macedonia-export.com

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg