Пријавете се и освојте една од 10-те MBA стипендии!
И оваа година ве наградуваме со стипендии за меѓународно акредитираните MBA програми.
Кандидатите кои ќе се пријават до 15.09 имаат можност да освојат една од 10-те стипендии на Cotrugli Business School во вредност од 85.000 евра.
MBA програмата е водечки стандард на светската деловна едукација, која на учесниците им носи поголема конкурентност при вработувањето и напредувањето во кариерата.
Правила за пријавување
Во селективниот процес можете да учествувате ако знаете англиски јазик, имате факултетска диплома и го имате потребното работно искуство, зависно од програмата на која се пријавувате.
Стипендиите се доделуваат за 2 различни MBA програми, кои се составени така што учесниците минимално ќе отсуствуваат од работното место.
Во секоја категорија се доделува 1 целосна и 5 половични стипендии:
Executive MBA програмата е наменета за лицата во висок менаџмент и претприемништво. Условите за пријавување за стипендија се минимум 5 години релевантно работно искуство, завршен факултет и знаење на англиски јазик. Предавањата се одржуваат во 1 продолжен викенд месечно (од петок до недела) во Белград.
MBA програмата е подготвен за потребите на јуниор менаџерите. Условите за пријавување се минимум 3 годишно работно искуство, знаење на англиски јазик и факултетска диплома. Програмот се одржува во неделни распореди, на различни локации во регионот.
Како да се пријавите?
Процесот за пријавување се состои од 2 круга. Првиот чекор е online пријава која можете да ја направите тука.
Откако ќе се пријавите ќе добиете повик за online тестирање. Најдобрите кандидати ќе бидат повикани на Skype интервју.
Последниот рок за пријавување е 15.09.2014 година.
„Според моето искуство, го преферирам Cotrugli Business School за EMBA студиите, заради тоа што нудат одлични едукативни програми со почитувани предавачи и лекции компатибилни со полното работно време на директорите. Групите се формирани од учесници од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Бугарија. Ова е одлична шанса за вмрежување и практично пренесување на знаењата кои лесно може да бидат користени во пракса,“ Тони Лукановски, Македонски Телеком, менаџер за човечки ресурси.