Како да разговарате со шефот во 6 „незгодни“ ситуации

Повремените несогласувања на работното место се неизбежни и со колегите и со шефовите, бидејќи со нив поминувате многу време.

kako-da-razgovarate-so-sefot-vo-6-nezgodni-situacii-01

Несогласувањето зависи и од самите личности, но и од стилот на комуникацијата. Сепак, постојат некои начини на кои може да реагирате и кои се прифатливи од перспектива на вработените.

Очекувања

Проверете што навистина бара од вас шефот, кои се неговите очекувања. Побарајте со примери да ви објасни што треба да биде вашиот влог за да функционирате успешно.

Поделба на задачите

Кога ќе добиете некоја задача, запишете ја. Проверете ги сите детали што треба да ги направите, како, до кога и зошто. Ова е важно бидејќи во секоја ситуација која не е јасна и може да доведе до спротивставување на интересите.

Рокови

Ако рокот за некоја задача е краток или нереален побарајте повеќе време. Со цврсти аргументи зошто е тоа невозможно да се заврши во зададениот рок, а може и да предложите најкратко време за кое реално може да ја завршите задачата.

Приоритети

Ако шефот во краток временски период ви зададе повеќе задачи, кажете му кои од тие се итни или поважни и кои ќе ги завршите. Не превртувајте со очите и не го држете бесот во себе, туку подредете си ги приоритетите. Поважно е да го завршите тоа што е навистина важно, отколку да ги прифатите сите задачи, а да не можете да постигнете.

Преспијте ја одлуката

Ако случајно излезете од колосек, прашајте се што се случило, до детали. Преспијте, па наутро повторно размислете како треба да реагирате.

Емпатија

Што е почесто можно, толку почесто пробувајте да го разберете својот надреден и позицијата која ја има во целата компанија, како и одговорноста која ја носи.

Бонус совети:

Ако со шефот имате коректен однос, помала е веројатноста дека ќе имате несогласувања.

Не доцнете, учествувајте активно на состаноците и немојте по цел ден да бидете на пауза.

Неговото мислење мора да го почитувате. Нема секогаш да се согласувате со него но тоа не значи дека треба да се расправате за секој проблем.

Би можело да ве интересира:

4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg