3 работи за успех кои милионерите ги прават секојдневно
Често се прашувате што е потребно за да стекнете големо богатство? Почетен капитал или идеја? Ништо од тоа. Потребно е да обрнете внимание на овие 3 работи, познати како 3P’s (projects, priorities и people.)
Проекти
Милионерите се одлични проектни менаџери. Тие знаат колку проекти им се потребни денес, но и во блиска иднина. И тие вложуваат секојдневно во нив. Во исто време работат на повеќе проекти и цели, а секојдневното планирање е задолжително. И додека работат на нив не се задоволуваат со минимум, туку ги користат сите извори, контакти и информации кои ги имаат.
Приоритети
Милионерите добро знаат да ги одржат приоритетите во својата работа и да им се посветат со целото внимание. Наместо да трошат време на работи кои им се моментално неважни, тие се фокусираат на итните случаи. Сегашноста и иднината се преплетуваат, а добрите менаџери тоа го знаат, па го пронаоѓаат совршениот баланс. Како и вие да го направите истото? Направете листа од приоритети кои ќе ги решавате секој ден. Ако успешно ги решавате приоритетите секој ден, обврските ќе бидат завршени во предвидениот рок.
Луѓе
Секако, луѓето ви се неопходни во животот и работата. За да направите било каков чекор во работата, потребна ви е поддршка од луѓето. Не можете да напредувате без надредениот, ниту пак можете да започнете нов проект без поддршка на луѓето кои се вклучени во вашите планови. Затоа, милионерите се грижат за вниманието на луѓето, затоа што знаат дека можат да успеат благодарение на туѓата поддршка.