Како да ги издржите топлите денови во канцеларија?

Доколку работата од вас не бара времето да го поминете покрај море, работниот ден од 8 до 16 часот во текот на летните денови може да биде вистински проблем.

kako-da-gi-izdrzite-toplite-denovi-vo-kancelarija-01

Како да го задржите професионалниот изглед додека асфалтот се топи на високите температури, најдобро знаат оние кои живеат во државите со постојано лето.

За време на летните денови заменете ги елегантните панталони со елегантни здолништа од лесен материјал и со тенки светли маици.

Водете сметка колку кожа ќе покажете – направете баланс. Доколку изберете здолниште, најдобро би било да го комбинирате со тенка блуза со подолги ракави за да ја задржите рамнотежата. Истото важи и во обратен правец, ако изберете долги панталони може да ги облечете маички со кратки ракави.

Во тој случај се препорачува да ги покриете рамената, а доколку се работи за маица на тенки прерамки, одберете тенко летно сако.

За најдобро да ги преживеете температурните разлики на топлите денови и ладните климатизирани простории се препорачува слоевито облекување.

Одбирајте материјали кои не се лепат и низ кои кожата може да дише. Лесните материјали со природен крој се вистински избор за вашата кожа и телесната температура, но и за деловниот изглед.

Запомнете дека добриот стил е секогаш во мода и ако сакате да бидете сфатени сериозно, мора така да изгледате дури и во најтоплите денови.

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg