Вежбајте како да не брзате во животот

„Кажи побрзо, немам време“, „се брзам“, „еј, во гужва сум голема“, „рокот е за вчера“, „мора да го завршам ова веднаш“, „дај ми одговор сега“, „да побрзам, да го фатам семафоров на зелено“, „кажи ми во 2 реченици“...

vezbajte-kako-da-de-brzate-vo-zivotot-01

Дали ви се познати овие реченици!? Секојдневно се среќаваме по стотина пати со исти или слични на нив и ги кажуваме несвесно и механички. Цело време некаде брзаме, сакаме да ги направиме работите веднаш и сега. Тоа се очекува од нас, а и ние го бараме од другите.

Најважно е тоа што сето ова не е природно за нас, туку ни е наметнато од проклетството на денешницата и денешниот начин на живеење и работење.

Тука влијаат и очекувањата од нашите родители, ривалитетот со пријателите, колегите, брат/сестра, медиумите кои влијаат на нашите (преценети) очекувања од себе и желби, технологијата (сè е на едно копче) итн.

Но, мора да сме свесни дека нашите тела и мозоци не се дизајнирани да се справуваат со сите тие предизвици и брзи реакции во животот.

Тој начин на живеење и функционирање влијае на нашето здравје и хармонија на животот.   

Понекогаш мислиме дека таков ни е карактерот (многу сме динамични) и не може да се сопреме и смениме. Мора да трчаме и да брзаме цело време. Тоа не е точно! Прашање на време е кога и како тоа ќе се рефлектира на нашето здравје.   

„Оној што брза, не живее!“ – (ЗЕН поговорка)

vezbajte-kako-da-de-brzate-vo-zivotot-1.jpg

Кога одиме низ животот бавно го намалуваме стресот, ги забележуваме деталите околу нас, ги живееме моментите подолго, го зголемуваме денот, минутата, правиме помалку грешки, поквалитетно ги извршуваме задачите, ги менувате негативните навики и најважно, живееме позадоволно.

Идејата не е да не сонуваме или да немаме големи желби и цели, туку како да го најдеме балансот помеѓу потрагата по големите работи, без да ги жртвуваме малите/ситни работи, кои го прават животот исполнет и убав.

Но, како да забавиме?!

Една многу едноставна и безболна техника која може да ја искористите за да работите на вашето забавување е едноставно да ги извршуваме работите обратно од стандардниот и шаблонски начин на работење.

Тоа значи, да ги четкаме наутро забите со другата рака, да вежбаме пишување со другата рака или со истата, но од друг агол, да ги миеме чиниите обратно од регуларниот начин, да ја смениме страната на „глувчето“ од компјутерот, да го смениме седењето, начинот на одење (побавно чекорење), држење на телефонот, пишување на СМС со другата рака и сите ситни детали што ги правиме секојдневно. Оваа техника изгледа шашаво, но верувајте делува.

Кога сакаме да промениме нешто ние си задаваме тешки и огромни задачи, кои не можеме да ги изведеме и затоа брзо се откажуваме. И неуспехот е неизбежен.

vezbajte-kako-da-de-brzate-vo-zivotot-2.jpg

Но, со оваа техника правиме мали и здодевни работи, во кои мораме да внесеме многу свесност и намера и на тој начин правејќи мали корекции во нашата моторика, одмрзнуваме многу закоравени ставови и концепти во нашиот мозок.

Оваа техника самата не тера да забавиме, бидејќи мора да ги правиме бавно и внимателно работите за да не направиме грешка.

На овој начин, успеваме да ги промениме и нашите (негативни) навики, бидејќи преку повторување на истите работи цело време, ние секогаш ќе ги правиме тие работи на ист начин (исти грешки, исти чекори, исти одлуки).

Со оваа техника и менувајќи го текот на работите, забавувајќи и менувајќи ја перспективата, ние влијаеме на нашите навики. Воедно, правиме обнова на целиот наш систем, бидејќи ги повторуваме веќе научените работи и механики, но од друга перспектива.

Јас ја сменив страната на „глувчето“, вежбам пишување со другата рака и свесно ги забавувам чекорите. Па, ќе видиме! Се надевам дека оваа едноставна техника ќе ја пробате и вие во секојдневниот живот и дека ќе ги почувствувате бенефитите во брзо време.

Брзајте бавно...

Со успех во имплементацијата,
Петар Лазаров
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-consulting.com

Би можело да ве интересира:

„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg