6 навики кои ви го попречуваат успехот: Како да ги воочите и да ги промените?
Сите ние понекогаш имаме лоши навики, но многу луѓе успеваат да ги совладаат и избалансираат, па таквите навики кратко се задржуваат во нивниот живот.
Без оглед на тоа колку ви е тежок животот и какви предизвици ви претстојат, мора да се стремите кон решавање на овие проблеми и да бидете подобри и посмирени и за себе и за другите.
Овие 6 навики мора да ги исфрлите:
1. Сè сфаќате лично
Ако секој што ќе ви каже нешто го сфаќате премногу лично и навредливо, само си го отежнувате животот. Тоа што некој нема основна култура и културни манири, па не знае на поинаков начин да се изрази освен со навреда, не е ваш проблем. Тоа зборува за другата личност. Треба да се познавате себе да си верувате и да не дозволувате секој збор да допира до вас.
2. Опседнатост со негативни мисли
Никогаш нема да успеете да остварите нешто, ако веднаш имате негативен став или ако не верувате доволно во успехот. Избегнувајте го друштвото на негативни луѓе кои за сè имаа песимистичко размислување кое и вам ви го наметнуваат.
3. Се гледате себе како жртва
Престанете да кукате, да се самосожалувате и да правите жртва од себе. Доколку постојано вам не ви чини нешто или мислите дека само вам нешто ви се случува, немате моќ да управувате со сопствениот живот и свесно се самоуништувате, мора да престанете. Заземете цврст став и почнете да ги решавате проблемите , наместо да се плашите.
4. Недостаток на сочувство
Ова е една од најлошите навики. Ако сте се фатиле како се однесувате лошо кон некого и немате сочувство за туѓите проблеми, мора да се соземете и да размислите. Ако сакате вие да бидете посреќни, позадоволни и поуспешни, мора да имате сочувство и за останатите и да бидете пример со своето однесување. Не може да постигнете поголем успех од оној да бидете пример за другите.
5. Претерани реакции
Неможноста да ги контролирате емоциите е штетна за сите околу вас. Сите знаеме луѓе кои експлодираат од ситница. Викаат, фрлаат работи и секогаш се во хаос, нервозни и напнати се, па никој не сака да е во нивна близина. Ако имате вакви реакции, подобро е да побарате совет од стручно лице, кое ќе ви каже како да се смирите и да го контролирате бесот, кој сигурно нема да ви донесе успех, колку и да сте посветени на некоја работа.
6. Потреба за константни признанија
Луѓето кои постојано сакаат да слушаат пофалби и признанија од другите, важат за несигурни личности, кои не можат да постигнат големи успеси. Стравот и ниската самодоверба која ја покажуваат не води до успех каде се потребни цврсти луѓе кои веруваат во она што го прават.