Со банани и игри од самохрана мајка до милионерка

Кога Рена Натансон (51) ги измислила Бананаграмте на својата трпеза, не ни знаела дека ќе ѝ се промени целиот живот. Сакала само да ги забавува своите деца со оваа игра од зборови.

so-banani-i-igri-od-samohrana-majka-do-milionerka-01

Била осамена и очајна поради разводот после 15 години брак. Сама ги одгледувала децата со сите проблеми и стравови кои ги носи самохраниот родител.

Сега таа е сопственик на најпродаваната игра со зборови на Amazon.com, а продала и над 6 милиони производи.

„Сè започна како забава, првите 50 комплети ги продадовме за секунда. Сè се пакува во обвивка во облик на банана.

Првите парчиња ги правевме во кујната, а децата полудуваа во нередот. Таа работа беше спас за мене, бидејќи така одморав од секојдневието.

Бев на раскрсница од животот, планирав да најдам добра работа, бидејќи бев на раб на егзистенција и никогаш немав доволно пари ни за основните потреби.

Кога почна продажбата на Бананаграмите ги нудев во продавници за играчки, на саеми за трговија, а дури подоцна и на Amazon.com. Сега имам врвна производ-приказна.

so-banani-i-igri-od-samohrana-majka-do-milionerka-3_resize.jpg

Иако животот ѝ се променил драстично и има милиони, сепак некои работи сè уште не ги менува. Заедно со децата и понатаму живеат во истата куќа, бидејќи како што вели, таму ништо не им недостига и нема потреба да ја менува.

Но, сега нема проблеми за да собере пари за сметки, децата лесно ги запишала во приватни училишта, со пријателките оди на интересни патувања, а често се занимава и со хуманитарна работа, помагајќи во различни здруженија, особено во оние со болни од рак.

so-banani-i-igri-od-samohrana-majka-do-milionerka-1_resize.jpg

„Мојот труд и сета мака на децата да им обезбедам пристоен живот, се исплатеше. Тоа ми беше и првенствената намера.

Тоа што сè излезе толку случајно, ми го прави овој успех уште посладок. За мене е доволно што сме ослободени од грижата што да јадеме денес. Не мора да одиме во најскапи ресторани, за мене тоа не е вистински луксуз. Сè стекнав со работа и само сакам моите деца и јас да уживаме во тоа до крај, а не набрзина да потрошиме, расфрлајќи се со парите.

Таа и понатаму води сметка за парите, а во слободно време со децата игра Бананаграми.

so-banani-i-igri-od-samohrana-majka-do-milionerka-5_resize.jpg

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg