Што прават успешните луѓе во понеделник наутро?

Додека некои ја мразат неделата, бидејќи е пред понеделник или не можат да се снајдат првиот ден од новата недела, успешните луѓе некои работи ги прават поинаку.

sto-pravat-uspesnite-lugje-vo-ponedelnik-01

Тие се свесни за типичниот понеделник, динамиката на случувањата која доаѓа со почетокот  на работната недела, непредвидените обврски, стресните комуникации и општиот хаос.

За да го регулираат сето тоа и да успеат да ги остварат своите цели, успешните луѓе имаат неколку принципи и навики кои задолжително ги практикуваат во понеделник.

Се будат рано и вежбаат

Со будењето и подобрувањето на циркулацијата не само што се грижат за здравјето, туку имаат и предност за порано започнување на продуктивната недела.

Појадуваат здраво

Во понеделник ја почнуваат неделата со енергетски и здрав појадок кој им дава сила.

Стигнуваат порано на работа

Со пораното доаѓање, успешните луѓе го почнуваат денот смирено, без брзање, имаат време да се организираат и да почнат со работа.

sto-pravat-uspesnite-lugje-vo-ponedelnik-1

Нивното биро е уредно

Со организација на задачите, обврските, состаноците и документите тие си ја олеснуваат работата и го намалуваат стресот.

Го очекуваат и неочекуваното

Предвидуваат сè што може да се случи и сите фактори кои може да влијаат токму во понеделник за да се одложи она што го планираат. Затоа се подготвени со резервни планови со цел да ги остварат свите цели.

Ги прегледуваат и обновуваат обврските и целите

Успешните луѓе постојано ги прегледуваат задачите и обврските, а уште во понеделник си поставуваат неколку цели за во текот на неделата.

Ги замислуваат неделните успеси

Ги замислуваат крајните позитивни резултати и определуваат кои чекори им се потребни за да ја остварат посакуваната цел.

sto-pravat-uspesnite-lugje-vo-ponedelnik-2

Приоритет им се потешките задачи

Најлесно се одложуваат потешките обврски, но успешните луѓе го прават спротивното. Знаејќи дека наутро имаат најмногу енергија, тие ја користат најпрво за завршување на потешките задачи.

Остануваат фокусирани

Не трошат премногу време за нешто што било тешко, неуспешно или завршено. Размислуваат на она што го работат во моментот или она што им следи.

Свесни се дека постои и вторник

Во евентуалниот хаос, тие се свесни дека проблемите кои се актуелни во понеделник не мора сите да се решат истиот ден, бидејќи постои и вторник.

sto-pravat-uspesnite-lugje-vo-ponedelnik-3

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg