Клучни совети додека барате работа

Кога барате работа или партнер, најважно е да знаете кои сте и што сакате. Барање на работата од соништата треба да е во согласност и со вашите знаења, вештини, можности, но и со личната филозофија и животните ставови.

klucni-soveti-dodeka-barate-rabota-01

Затоа, мора да се придржувате до некои совети и правила кои ќе ви помогнат правилно да се насочите и да знаете што барате и што прифаќате.

Запознајте се себеси

Дали сте од оние кои обрнуваат внимание на сите детали или не забележувате ништо ако ви е малку скриено? Мора да бидете свесни за своите маани и предности. Тоа е првиот чекор за да се запознаете себе.


Кои ви се приоритетите?

Што ви е поважно, интегритетот или професионализмот? Кариерата или семејството? Направете листа на приоритети и цели, долготрајни и краткорочни. Оставете простор за мали отстапки, но никако не се откажувајте од она што ви важно.

klucni-soveti-dodeka-barate-rabota-1.jpg

Замислете го својот идеален ден

Замислете го денот од вашите соништа, без оглед на тоа колку е можно навистина така да изгледа.

Ако во него одбирате да се разбудите доцна, да појадувате на тераса покрај море, па да седите пред компјутерот и да пишувате роман или да отидете на коктел со некој филмски продуцент или пак, сакате да ги видите згрижени децата покрај вас, тогаш стремете се кон таквиот живот. Одберете го правецот и следете го.

Ако вашата желба е да бидете писател или уметник, зошто барате работа во банка?


Не се ограничувајте

Пријавете се за секое работно место кое ви се чини привлечно, примамливо или возможно, без разлика дали ги поседувате сите квалификации.

Истражувањата покажале дека мажите се јавуваат на оние огласи за кои исполнуваат барем 60 отсто од бараните критериуми. Жените, пак, ја немаат таа храброст и се јавуваат само таму каде што 100 проценти ги исполнуваат условите.

klucni-soveti-dodeka-barate-rabota-2.jpg

Треба да знаете колку вредите

Без разлика дали имате или немате факултетска диплома, убедете се дека спаѓате во вредните личности и дека поседувате доволно квалитети за да бидете одличен работник.

Но, внимавајте! Тенка е линијата помеѓу самодовербата и ароганцијата.

Арогантниот човек вели: „Јас сум најдобар од сите“, а самоуверениот: „Има многу талентирани кандидати, но и јас имам што да понудам за Вашата компанија“.

Најважно е да не губите надеж и да не се откажувате од своите цели.

klucni-soveti-dodeka-barate-rabota-3.jpeg

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg