Само 7 чекори ве делат од продуктивна работна недела
Претрупаната работна недела може да биде стресна, посебно ако чувствувате дека ништо не сте направиле, а списокот на работни обврски нема крај. Спасете ги своите нерви и организирајте се!
Во само 7 чекори можете да ја организирате оваа недела на попродуктивен начин од секоја претходна.
1. Направете список на обврски
Многу е важно да имате список на обврски ако сакате да бидете продуктивни. Ако не знаете што треба да направите, тешко дека ќе постигнете било што.
Направете си листа во вашиот омилен тефтер и најпрво забележете ги обврските кои ви одземаат најмногу време во денот. Најважно е да бидете реални и добро ориентирани со времето.
2. Поставете си помали цели
Ако имате повеќе од еден проект, тогаш потрудете се сите да ги поделите на помали сегменти.
Секоја помала цел која ќе ја имате зацртано ви покажува до каде сте стигнале и уште колку работи ви преостануваат до самиот крај.
3. Организирајте, ама сериозно!
Ако не знаете каде се наоѓаат сите помошни предмети кои ќе ви требаат во остварувањето на целта, време е добро да ги распоредите.
Секој лист, секое пенкало, документ или стикер треба да има посебно место во вашата канцеларија или на работното биро.
4. Ако може автоматски, зошто да не?
Дали често губите време со работите кои не би требало да ви одземат повеќе од 10 минути?
Некои работи можете да ги подредите да се активираат и извршуваат автоматски. Како на пример, најновата верзија од програмaта во која работите.
5. Исполнувајте ги обврски од најтешки до најлесни или обратно
Некои сакаат да ги завршат потешките обврски на самиот почеток на денот, за да имаат релаксирано попладне, а на некои продуктивноста им е зголемена во втората половина од денот.
Проучете се самите себеси и одлучете која метода ќе ја применувате.
Многу е важно да не прескокнете некоја точка од списокот на обврски, затоа што тогаш шансите за нејзино избегнување сè повеќе се зголемуваат.
6. Пратете го својот напредок
Ако работите на голем проект, пратете го својот напредок и забележувајте го она што сте го постигнале.
Наместо да се мислите дали сте внеле некои важни податоци, подобро е да погледнете во тефтерот, отколку од ново да го проверувате целиот проект.
Плус, позитивните забелешки и запишаните завршени задачи влијаат многу подобро на личната мотивација.
7. Во кое време најдобро ја вршите работата?
Многу е важно да се проучите себеси и да откриете кога сте најпродуктивни.
Ако најдобро функционирате наутро, тогаш преместете ги важните обврски за претпладне.
Совет плус: Секогаш имајте на ум дека вторник е најпродуктивниот ден.
Наместо да земете долга пауза, преполовете ја. Наместо да одите на ручек по работното време, погрижете се да завршите неколку обврски плус.