5 начини да се релаксирате на работното место
Без оглед на тоа дали уживате во својата работа или не, неопходен ви е одмор. Доколку моментално не можете да си го дозволите, пронајдете го најдобриот начин да се опуштите и за време на работните обврски.
Ќе се вратите расположени и полни со елан за останатиот дел од денот.
Ние ви даваме неколку предлози, а вие самите може да споделите уште неколку кои ви помагаат.
Одвојте време за себе - Во планот на работа задолжително вклучувајте кратки паузи. Доволни ви се 10 минути за да прошетате до најблиската трафика, испиете кафе или едноставно да ја промените местоположбата и воздухот. Практикувајте сето ова да го правите сами, наместо во друштво.
Опуштете ги сите сетила - Мирисот на лаванда има смирувачки ефект, па задолжително на вашето биро чувајте си една кесичка со свежо масло или неколку гранчиња. Неколку пати во денот длабоко вдишете и освежете го вашиот организам.
Измасирајте ги рацете - На половина од работното време дозволете си кратка масажа со лосион. Зглобовите и лигаментите ќе ви бидат многу благодарни.
Медитирајте - Доколку сте во можност и имате посебна канцеларија, дајте си неколку минути за мини медитација. Свесни сме дека деловната облека не е најудобната за медитација, но сепак пронајдете ја вашата позиција, заклучете ја вратата и 5 минути држете ги очите затворени. Фокусирајте се на дишењето и за кратко заборавете на гужвата.
Самоконтрола - Доколку сакате да се ослободите од стресот, ограничете го приговарањето на 10 минути дневно. Колку и да ве изнервираат, контролирајте го бесот. Нервите и притисокот ќе ви бидат вечно благодарни.