Како да препознаете дали сте ја добиле работата за која аплициравте?

На разговорот за работа сите ја проценуваат вашата стручност, доверба, искреност, но и вашите гестови. За промена, овој пат ве упатуваме како вие да ги препознаете движењата на телото на работодавецот, па според тоа да откриете дали сте ја добиле позицијата за која аплициравте.

kako-da-prepoznaete-dali-ste-ja-dobile-rabotata-za-koja-apliciravte-01

- Ако вашиот соговорник ви кажува дека со вас може да зборува до утре, додека стапалата му се насочени кон вратата, бидете свесни дека одамна веќе завршил со вас и едноставно едвај ве чека да излезете од канцеларијата.

- Доколку личноста која ви го врши интервјуто започне да ги имитира вашите движења тоа значи дека ве доживува како сродна душа. Бидете уверени дека ќе добиете позитивна оценка.

- Кога на ред ќе дојде разговорот за работната атмосфера во компанијата, ако испитувачот ги навали рамениците, атмосферата веројатно и не е толку совршена. Имајте го тоа на ум!

- Ако потенцијалниот работодавач вика дека не е сигурен дали сте вистинска личност за оваа работа, а и понатаму ја гледа вашата биографија - сепак е заинтересиран за вас.

- Ако на прашањето дали сте ја добиле работата следува одговор „наскоро ќе дознаете...“ подгответе се на не толку убави вести.

- Кога испитувачот ја навалува главата додека зборувате, сака да дознае нешто повеќе за вас.

- Доколку работодавачот во текот на ракувањето ја поклопил вашата рака - уверен е дека е подобар од вас.

- Доколку ви кажат дека оваа позиција е сјајно место за напредување, а гласот на таа личност постојано се намалува - ве лажат.

- Ако сакате да знаете дали работодавачот е потполно концентриран на она што го кажувате, обратете внимание на неговото тело. Доколку неговата глава, рамена, колкови и нозе се ориентирани кон вас - внимателно ве слуша.

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg