Знаете ли зошто луѓето носат колачи на работа?
Мислите дека колешката која прави домашни колачи и ги носи на работа го прави тоа затоа што е великодушна? Оние што сакаат да напредуваат на работа испробуваат разни можности за да дојдат до целта, а една од нив е и носењето колачи на работното место.
Како што открива најновото истражување, со „слатки“ методи се служат личности што сакаат да напредуваат. Дури четвртина од испитаниците признаваат дека носат слатки на работа во надеж дека така ќе стекнат симпатии во работното опкружување, особено кај претпоставените.
Интересно е дека напредувањето на работа не е единствената мотивација за носењето на колачи.
Како што открива истражувањето, некои тоа го прават за да пронајдат љубовен партнер.
Има ли вистина во ова? Што мислите вие?