7 предлози како помалку да го мразите овој понеделник

Уште од првата минута кога се разбудивте се чувствувате изморени од работните обврски кои ве очекуваат. Звукот на будилникот, гужвата, непрочитаните мејлови и нервозниот шеф секогаш некако најтешко ни изгледаат баш во понеделниците.

7-idei-kako-pomalku-da-go-mrazite-ovoj-ponedelnik-01

Но, вреди барем да се обидете да го засакате овој понеделник...

Развеселете некој друг

Може ви се чини дека светот пропаѓа, но безброј пати е докажано како доброто дело за некој друг повеќе ве радува, отколку ако вам ви се случи нешто пријатно. Ако купувате кафе и појадок, купете еден и за вашата блиска колешка. Доволно е за сам почеток.

Под работната облека носете секси долна облека

Не се казнувајте со обична долна облека која ви станува сè поздодевна. Извлечете ја од гардероберот долната облека која ве прави да се чувствувате секси и посакувано. Подобро е ако неделата ви започне со мало загревање, зар не?

Испланирајте излегување со пријателите

Ако речиси секој викенд го преспивате, понеделникот е идеален ден за дружба. За време на паузата испијте кафе со најдобрата пријателка која ви е во близина или пак по работа одете на ручек со друштвото кое секогаш ве расположува.

Уживајте во сонцето

Додека сè уште го има, уживајте во него. Одете пешки на работа или едноставно симнете се неколку станици порано. Во понеделник наутро не ви паѓа на памет да вежбате, па затоа искористете го свежиот воздух за физички и ментални вежби.

Облечете нешто ново

Секако дека секоја недела нема да имате ново парче облека или штотуку купени чевли, но некој моден детаљ или маичка која одамна не сте ја носеле може да предизвика многу позитивни коментари.

На работа одете со друштво

Освен што заедничкото патување до работа ги намалува трошоците, со малку разговор и насмевки може да заборавите на сите негативности. Избегнувајте да зборувате за работата, па наместо тоа раскажете кој нов ресторан сте го пробале овој викенд.

Јадете колач за појадок

Појадокот е најважен оброк во денот и секогаш се трудите да биде полн со житарки, овошје и други богати намирници, но зошто да не пропуштите еден ден во неделата? За да уживате во почетокот на неделата почастете се со чоколаден мафин, чоколадни коцки или некој овошен колач.

Би можело да ве интересира:

„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg