5 грешки кои ги правиме на разговор за работа

Пред да одите на интервју за работа постојат неколку основни работи кои секогаш треба да ги имате на ум за да бидете добро подготвени. Истражете ја компанијата и нејзината дејност, подгответе прашања, подгответе облека која планирате да ја носите и понесете со себе позитивен, оптимистички став и самодоверба.

5-greski-koi-gi-pravime-na-razgovor-za-rabota-01

Внимавајте да не направите некоја од овие грешки:

1. Недоволна подготовка

Никој не очекува да ги знаете одговорите на сите прашања, но не би било лошо да се информирате претходно. На интернет сигурно можете да ги најдете основните информации за компанијата во која сакате да работите.

2. Првенец на иновативноста

Се разбира тешко е да бидеш иновативен и поинаков, но обидете се на некој начин да си ги истакнете своите позитивни особини во текот на интервјуто. Универзалните одговори нема да ви помогнат, затоа поткрепете ги вашите квалитети со ситуации од претходната работа. Немојте да давате класични „да“ -  „не“ одговори.

3. Информации

Вашиот работодавач ги проверува потенцијалните кандидати на интернет. За да се подготвите, изгуглајте го вашето име и презиме и проверете што се пишува таму за вас. Внимавајте да не го изненадат несоодветни фотки од социјалните мрежи.

4. Непримерен изглед

Без разлика за каква работа станува збор, на разговорот за работа морате да бидете уредни и елегантни. Ако не се потрудите околу изгледот можете да оставите впечаток на несериозна личност која не внимава на својот изглед. Првиот впечаток е секогаш најважен!

5. Недоволна заинтересираност

Често испитувачите се жалат како кандидатите изгледаат незаинтересирано и се однесуваат како едвај да чекаат да заврши разговорот. Слушајте што ви кажуваат, вклучете се во разговор ако ја сакате таа работа покажете го тоа. Појавете се со подготвени прашања.

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg