7 необични занимања со добра заработувачка

Во денешно време кога сите сакаат да станат сопственици, директори, менаџери, постојат и други бројни невообичаени занимања кои за кусо време можат да ви донесат брза заработувачка. Некои од нив се: тестер за дезодоранси, готвач во австралиска подморница, ловец на бисери во Австралија, етички хакер, дизајнер на тобогани, ловец на топчиња за голф...

7-neobicni-zanimanja-so-dobra-zarabotuvacka

1. Тестер на дезодоранси
Ако сакате да проверите дали делува дезодорансот, ќе добиете 40 евра. Но, вашата задача не е така лесна како што изгледа бидејќи треба да го помирисате корисникот под пазувите за да почувствувате дали делува дезодорансот. Затоа со оваа работа мора да се занимаваат луѓе чиј мирис е многу осетлив и кои немаат страв од луѓе кои се потат.

2. Готвач во австралиска подморница
Задачата се состои да пловите по светските мориња и од состојки во конзерви на тесен простор да подготвите јадење за вашите сопатници. Заработката е околу 140.000 евра годишно. Почетната плата е 43.000 евра, но се зголемува со разни бонуси, така со самото прифаќање на работата ви следува награда од 36.500 евра. Пожелно е покрај тоа што знаете да готвите, да не страдате од морска болест и тесен простор.

3. Ловец на бисери
Оваа идеална работа може да ви донесе и до 1.000 евра дневно. Работата се состои да нуркате во океанот и да трагате по драгоцени бисери. Важно е да сте во добра физичка кондиција и да имате остро око.

4. Хакер
Ваша обврска е да влезете во компјутерскиот систем на некоја компанија за да им укажете на надлежните на евентуалните недостатоци кога е во прашање безбедноста на податоците. Со оваа работа можете да заработите помеѓу 50 и 90.000 евра годишно.

5. Дизајнер на тобогани
Вие треба да смислите вртелешка која на љубителите на овој вид забава им нуди неверојатно доживување. Оваа работа може да ви донесе месечна плата од три  до пет илјади евра. Услов е завршен машински факултет и бујна фантазија.

6. Ловец на топчиња за голф
Верувале или не, но за да ја работите оваа работа мора да завршите курс по нуркање, пто е неопходен услов за да ја добиете работата. Вашата задача е да ги барате топчињата за голф кои паднале во езерото или рибникот на теренот за голф. Секое пронајдено топче чини од 25 центи до 1,4 евра, што значи дека за 80.000 топчиња годишно можете да заработите до 80.000 евра, па и повеќе.

7. Келнер за вино
За познавачите на виното оваа работа може да им донесе заработка до 117.000 евра годишно. Работата се состои во ставање на соодветни вина за одредено јадење и дегустирање на виното. Потребна е завршена академија, повеќегодишно искуство и положен испит за sommelier.

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg