7 тактики на ултра богатите

Постојат одредени елементи на успех со кои секако ќе се согласиме, а тоа се амбицијата, тешката работа, упорноста, позитивниот став. Но, најновите истражувања покажале дека некои луѓе се едноставно „родени“ бизнисмени и како успешни луѓе размислуваат и постапуваат различно во однос на повеќето луѓе со исто ниво на образование и интелигенција.

7-taktiki-na-ultra-bogatite

Наведуваме седум работи кои ги издвојуваат ултра богатите од остатокот на светот.

За да се збогати човек, потребен му е акционен капитал
Деведесет проценти на супер - успешните велат дека горната изјава е точна, во однос на помалку од половина меѓу „обичните смртници“ кои го делат тоа мислење. Што е уште поважно, 80 проценти на „родени бизнисмени“ велат дека во својата работа имаат вишок на актива, додека огромно мнозинство вели дека дури и не се обиделе да создадат ваков капитал.

Стекнување предност во деловните преговори
Околу 90 проценти од „родените бизнисмени“ признаваат дека отсекогаш се обидувале да ја преминат границата. Добивањето на дури и мала предност во серијата договори може да има кумулативен ефект на богатството, но повеќето луѓе воопшто не тежнеат кон тоа, па завршуваат на страната на губитниците.

Да се работи добро е поважно од откривањето на нови работи
Да се збогати човек обично значи да се има идеја пред себе и да се разработи до совршенство. Тоа е она во што веруваат девет од десет „родени бизнисмени“. Повеќето од останатиот свет, смета дека се потребни нови, големи идеи за човек да се збогати. За нивно разочарување, големите идеи се ретки и ризични. Премногу луѓе чекаат од страна да им падне на ум совршена идеја, додека оние успешните веќе се во игра и до совршенство ги разработиле своите идеи.

Вработуваат луѓе кои се попаметни од нив
За да се добие исклучителен производ потребно е оние кои што имаат дарба за бизнис да се фокусираат на две до три работи кои добро ги работат. Поради тоа ќе формираат тимови со способности кои се надополнуваат. Истражувањето покажува дека повеќето луѓе повеќе сакаат да научат да ги извршуваат задачите во кои се лоши, отколку да им ги дадат на други да ги завршат наместо нив. Родените бизнисмени знаат дека на врв се доаѓа ако имате сила, а не поради вашата слабост.

Ја разбираат мотивацијата на деловните соработници
Ако зависите од други талентирани работници, мора да знаете да ги мотивирате. Од вашата желба и волја да ги сфатите и запознаете своите соработници, зависи вашиот успех.

Лесно излегуваат од неповолни зделки
Крупните бизнисмени знаат дека лошите договори, како и лошите бракови, може да бидат многу болни, но и скапи. Тоа значи дека ако договорот не е добар, 71% велат дека нема проблем да го раскинете и да одите понатаму, а само околу 22% од средната класа мислат така. Повеќето луѓе сакаат да си ја пробаат среќата со договорите кои од почеток се сомнителни, дури и кога е помалку ризично само да се сврти грбот и да си заминете.

Учат на сопствените грешки
Успешните луѓе имаат повеќе неуспеси од луѓето кои и припаѓаат на средната класа. Но, тие своите неуспеси ги користат за да успеат во следниот потфат. Само 17% од просечните бизнисмени велат дека учат од своите грешки.

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg