Како повторно да ја засакате својата работа?
Колку пати сте помислиле да ја смените работата? Пред да го направите тоа размислете како повторно да ја засакате својата работа.
Вистински среќници се оние кои работата потполно ги задоволува. Оние помалку среќните често влегуваат во шемата на секојдневието. Едно е јасно, одлуката е ваша!
Сетете се на убавите работи
Сè во животот има свои добри и лоши страни, па така и работата. Мора да постои нешто што ви се допаѓа во работата. Кога сакате да се откажете, сетете се на убавите работи (флексибилно работно време, добри колеги, што се сте научиле, остварени контакти и слично).
Сменете ги лошите работи
Бегањето од животните проблеми секако е најлесната, но не и најдобрата опција. Затоа наместо бегање испланирајте како да ги решите проблемите кои ве мачат. Сè може да се реши со искрен разговор, но тоа не подразбира судири.
Оптовареност
Добрата организација е клуч на успехот иако не секогаш ќе можете да го направите сето она што сте го планирале. Ако обемот на работата е поголем од она што можете да го поднесете, замолете го претпоставениот да ве ослободи од еден дел на работата, или да ви даде некој да ви помогне.
Едноличност
Освен количината на работата, проблем може да биде и секојдневното вршење на една иста работа. Во тој случај не е лоша идејата да му се обратите на претпоставениот за некои нови задачи. Ако ви е непријатно да го прашате, сетете се дека ако не прашате, одговорот секогаш ќе биде не.
Стрес
Важно е да знаете дека во секоја работа има стрес, па и во онаа која ви се чини како идеална. Обидете се помалку емотивно да се ангажирате околу работните задачи и не давајте да ве обесхрабрат критиките, бидејќи тие ќе ви помогнат да ја подобрите својата работа.
Пауза
Како и во приватниот живот, така и на работа треба да се избегнува дружење со луѓе кои ве прават нервозни. Затоа паузите искористете ги за дружење со луѓе кои ви одговараат.
Слободно време
Ако добро се организирате, нема да мора да си носите работа дома. Не можете постојано да размислувате за својата работа.