Како да ја победите понеделничката депресија?
Ако и на вас почетокот на неделата ви предизвикува тешкотија, тага или стрес, можеби и вие патите од депресија предизвикана од најнесаканиот ден во неделата – понеделникот.
Постојат неколку клучни елементи како да ја победите депресијата и како да се разбудите во понеделник барем малку поодморени и попозитивни од досега. Ова се најважните 9 работи кои треба да ги направите:
1. Препознајте го проблемот зошто ги мразите понеделниците и преземете нешто околу тоа. Избегнувајте го негативниот колега за да не бидете исти како него, психички припремете се за напорниот шеф или пак откријте некој нов предизвик во врска со вашата работа ако досега ви се чинеше прилично здодевна.
2. Припремете се уште од петокот. Олеснете си го понеделникот така што до петок ќе ги завршите сите работни обврски за таа недела, а за сметка на тоа започнете ја релаксирано следната недела.
3. Направете си листа од работи кои со нетрпение ги очекувате. Престанете да мислите уште колку часа ви останаа во канцеларија и направете си една листа од минимум 3 работи кои едвај чекате да се случат. А, ако не можете да се сетите на 3 работи на кои се радувате, можеби е време за драстични промени.
4. Во текот на викендот исклучете се од службениот број и мејлот. Враќањето на работа во понеделник може да биде навистина депресивно ако не сте си земале барем 2 дена време за себе. Не дозволувајте приватното време и активности да се мешаат со работните.
5. Добро наспијте се и станете малку порано од вообичаено. Разбудете се барем 15 минути порано за да може да се вратите во нормала. Оставете си малку повеќе време за себе во понеделниците за полесно да го избегнете чувството на незадоволство и и неудобноста во канцеларијата.
6. Дотерајте се, убаво облечете се и спремете се за еден позитивен ден. Бидете вие таа енергија која недостасува за вашата работна атмосфера да се подобри. Покажете го својот дух и харизма во најдобро светло.
7. Направете среќен некој од вашите колеги. Тоа ќе ви го подигне личното расположение, расположението на другиот, а од целиот колектив се што може да добиете се комплиментите.
8. Олеснете си го распоредот. Понеделниците знаат да бидат доста натрупани со обврски, а одлична стратегија за олеснување е едноставниот план. Кога договарате состаноци, договорете ги за вторник или среда, а во понеделник дајте си малку повеќе време за релаксација.
9. Направете план на активности после работа. Не гледајте постојано на часовник и не ги броите минутите преостанати во канцеларијата. Радувајте му се на кафето откако ќе ги завршите обврските или пак ручекот со најблиските колеги. Ако од понеделникот направите ден во кој ќе се најдете со пријателите, ќе ја зготвите вашата омилена вечера или пак ја гледате вашата омилена серија, тој ден ќе стане помалку досаден отколку што бил.