5 митови кои ви го попречуваат успехот
Често пати несвесно се залажуваме и живееме во бајка која самите ја режираме, само затоа што така се чувствуваме посигурни. Митовите се само неколку верувања кои ни ја попречуваат реалноста.
А, ова се неколкуте митови во кои речиси секој ги смета за точни и многу тешко е да поверуваме дека се всушност неточни. Несвесно, овие 5 митови ни нанесуваат многу штета и не спречуваат да ги искористиме своите потенцијали.
Мит број 1 – Има време
Реалност: Имате помалку време отколку што мислите. Сега имате помалку време отколку што имавте пред еден час, затоа планирајте внимателно и немојте предолго да го одложувате делувањето.
Мит број 2 – Може да се потпрете на другите
Реалност: Кога се бавите со нешто, сами сте. Секако, секој има личност за која се грижи безрезервно, но на крајот некако сè останува на вас самите. Другите може да ви помогнат, но не очекувајте дека некој ќе ви ги заврши обврските.
Мит број 3 – Другите би требало да ги ставите пред себе
Реалност: Многу луѓе запаѓаат во мамката на добрината. Секогаш се трудат да им угодат на другите, но немојте да се залажувате. Ако сакате да бидете среќни, мора повеќе да се грижите за себе отколку за другите.
Мит број 4 – Треба да ги избегнувате конфликтите
Реалност: Конфликтите се насекаде околу вас, а вистината е дека не можете да ги избегнете. Наместо да ги избегнувате, научете да се соочите со нив. Оние кои ги избегнуваат и игнорираат проблемите создаваат многу повеќе проблеми.
Мит број 5 – Разликата помеѓу успехот и неуспехот е среќата
Реалност: Во овој мит веруваат исклучиво само мрзеливите. Успешноста си бара планирање, труд и многу работа. Секако, многу работи се надвор од вашата контрола, но животниот успех се темели на работите на кои можете да влијаете и повеќе од што мислите.