Грешки кои ги правите при изборот на спортска облека

Кога станува збор за спортска облека, како најдобар избор се покажале синетичките влакна, како што е полиестерот. Овој материјал одлично ја впива влагата и ѝ овозможува на ткаенината самата да се исуши.

greshki-koi-gi-pravite-pri-izborot-na-sportska-obleka-01.jpg

Материјалите кои ѝ оставаат помалку простор за дишење на кожата, често создаваа влажен дел помеѓу испотената облека и кожата. Со ова се зголемува ризикот од иритација или несакани промени на кожата.

Па можете само да замислите што се случува со местата кои немаат многу контакт со воздух.

Погрешниот избор на долна облека може да предизвика вагинална габична инфекција. Габите се појавуваат на топли и влажни места. Потењето кое настанува при носење на погрешна долна облека создава влажност, која пак е совршена подлога за инфекции.

Во подрачјето на гениталиите е потребен материјал што ѝ овозможува на кожата да дише, нешто на коешто треба да обрнете посебно внимание.

Избор на облека

Се разбира дека не изгледа привлечно кога ви се гледа долната облека под спортските хеланки. Сепак, моделите на гаќи како што е тангата, можат да предизвикаат повреди на интимните делови за време на вежбање.

Дури и најмалите осекотини можат да предизвикаат појава на патогени, кои природно се наоѓаат во интимната област.

Многу тесната долна облека ја спречува добрата циркулација на крвта, како и дотокот на воздух во областа на гениталиите. За време на вежбање, препорачливо е да носете и секојдневна влошка бидејќи лесно можете да ја замените, а истовремено ѝ овозможува на кожата да дише.

greshki-shto-gi-pravat-site-pri-kupuvanjeto-sportska-obleka-02.jpg

Хигиената е најважна

Правилниот избор на материјал никогаш нема да ја замени правилната хигиена. Доколку после вежбање се туширате дома а не во теретаната, не заборавајте да ја промените долната облека пред да си заминете.

greshki-shto-gi-pravat-site-pri-kupuvanjeto-sportska-obleka-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg