Колку калории согорувате со секојдневни активности, неповрзани со вежбање?
Оние кои се оптоварени со слабеење, сигурно во одреден период биле опседнати и со броење калории.
Колку калории сте внеле, колку сте потрошиле, колку смеете да си дозволите до крајот на денот... броењето нема крај.
Но, дали сте знаеле дека одредена количина калории се согорува и со секојдневни активности кои немаат врска со вежбање или наменско трошење време на тоа?
Неодамна, научниците откриле дека обичната топла бања е еднаква на 30 минути пешачење, во поглед на горење калории.
Освен тоа, уште неколку секојдневни и обични активности помагаат исто како да сте поминале време во теретана или физичка активност.
Можеби не е многу, но не е ни лошо:
Пишување
30 минути = 15 калории
- 2.5 часа пишување = 15 минути во теретана
Читање
30 минути = 30 калории
- 4 часа читање = 25 минути вежбање
Седење
30 минути = 31 калорија
- 3 часа седење = 20 минути во теретана
Работа на компјутер
30 минути = 42 калории
- 3 часа работа на компјутер = 35 минути во теретана
Учење
30 минути = 54 калории
- 1.5 час учење = 15 минути во теретана
Спиење
30 минути = 55 калории
- 8 часа спиење = 45 минути во теретана
Миење садови
30 минути = 66 калории
- 2 часа миење садови = 38 минути во теретана
Готвење
30 минути = 74 калории
- 1 час готвење = 15 минути вежбање
Бришење прашина
30 минути = 80 калории
- 1.5 час бришење прашина = 25 минути во теретана
Чистење со правосмукалка
30 минути = 84 калории
- 1.5 час чистење со правосмукалка = 25 минути вежбање
М. М. | Црнобело