За оние кои не се брзаат: 30-дневен план за вежбање со кој ќе го трансформирате задникот
Кога станува збор за затегнување на задникот, првото што на сите ни паѓа на памет се секако чучнувањата.
Од чучнувањата има многу различни вежби кои помагаат за трансформирање на задникот и подобар изглед, но важно е да се биде упорен.
Иако многумина знаат дека треба да ги прават и дека не се некоја филозофија, сепак постојат конкретни вежби кои подобро ќе ви помогнат за постигнување на целта.
Но, мора и да знаете дека тоа не може да се случи преку ноќ или за 1 недела. Овој предизвик трае 1 месец, па ако сте подготвени, започнете.
Ве делат само 30 дена од она што цел живот сте го посакувале – заоблен и тониран задник.
Што треба да правите?
Само 100 чучнувања секој ден, независно во кој период од денот, а резултатите ќе бидат поголеми ако ги додадете овие вежби во вашиот план за вежбање.
Можеби на почетокот бројката ќе ви личи нереално, но верувајте, следете ги правилата и ќе се навикнете чекор по чекор.
За да не ви здосадат истите чучнувања, во продолжение погледнете повеќе различни вежби кои треба да ги повторувате.
Вежба 1
Ова се основните чучнувања. Застанете исправено со стапалата поставени малку пошироко од рамениците. Чучнете што е можно повеќе обидувајќи се колената да не ги надминат стапалата, а потоа кренете се и повторувајте.
Вежба 2
Исто како и основните чучнувања, но на секое кревање нагоре, со едната нога замавнувајте наназад како на сликата. Менувајте ги нозете на секое чучнување.
Вежба 3
Чучнете како со основните чучнувања, со исправен грб и раширени нозе, но рацете спуштете ги надоле при клекнување, а при кревање нагоре, полека ширете ги рацете со кружно движење за кога ќе се исправите и рацете да ви дојдат кренати нагоре.
Вежба 4
Застанете исправено со стапалата малку повеќе раширени од рамената и ставете ги рацете зад глава.
Чучнете, а кога ќе се кревате нагоре поткренете ја едната нога нагоре во страна со свиткано колено, а лактот истегнете го кон коленото. Повторувајте наизменично со двете страни.
Вежба 5
Направете обично чучнување, но кога ќе се кревате нагоре, потскокнете наместо обично да се исправите.
Вежба 6
Застанете исправени со споени нозе и дланки како на сликата и чучнете колку што можете пониско, а потоа кренете се и повторувајте.
Вежба 7
Застанете исправено. Ставете ја десната нога зад левата и клекнете во таа положба. Повторувајте со двете нозе наизменично.
Вежба 8
Застанете исправено. Ставете ја десната нога пред левата и клекнете така што левото колено ќе ви дојде малку над земјата. Повторувајте наизменично со двете нозе.
М. М. | Црнобело