За сите мрзливи и невежбачи: Брзи трикови за слабеење
Сите сакаат да бидат слаби и згодни, посебно после празниците, нема кој не посакува да се врати на старото тело и да го намали вишокот кифли, руска салата, месо, пити и колачи.
Но, многумина, кога навистина ќе се соочат и застанат пред предизвикот – вежбање и здрава исхрана, едноставно се откажуваат.
Дали од мрзливост, дали од немање желба или пак време, повеќето почнуваат да си се помируваат со телото.
Сепак, не мора да биде така, бидејќи постојат трикови дури и за слабеење без вложување посебен напор.
Секако, не може да очекувате огромни резултати, но добро е од некаде да се почне.
Не заборавајте да пиете вода
Веќе знаете дека е многу важно за метаболизмот да пиете редовно вода, или по 1-2 чаши, 30 минути пред секој оброк. Така метаболитичкиот процес започнува одново и стомакот се чувствува пополно, што спречува да се прејадете.
Внимавајте на храната
Направете го јадењето ритуал на кој целосно ќе се посветите, а нема да ви одземе многу време. Седнете на маса, не брзајте, не правете повеќе работи одеднаш, не размислувајте на проблеми, ниту пак гледајте телевизија и најважно, не зборувајте на телефон.
Гледајте што јадете и така ќе уживате во тоа што го јадете, ќе го вкусите подобро, ќе јадете побавно и помалку.
Користете помала чинија, прибор, стапчиња (зависно од храната)
За да не мислите на количината на оброкот, секогаш користете помала чинија и јадете толкава количина колку што собира, еднаш. Исто така, добар трик е да јадете со стапчиња, бидејќи така јадете побавно, па ќе бидете најадени со многу помала количина.
Спијте повеќе
Сега имате одлично оправдување да останете малку повеќе време во кревет. Причината е логична, кога спиете, не јадете, а добриот сон, влијае и на метаболизмот и на нивото на хормоните, што ќе ви помогне да се одржите во форма.
Спијте на ладно
Намалете го греењето или отворете прозор да влезе ладен воздух пред спиење, бидејќи истражувањата покажуваат дека спиењето на температура од 19⁰С му помага на телото побрзо да ги согори калориите, бидејќи согорува масти за да ја одржи температурата.