За сите мрзливи и невежбачи: Брзи трикови за слабеење

Вклучете одредени намирници во исхраната

Не мора да се откажете од вообичаената храна, но можете да додадете во исхраната намирници како лосос, јајца, ореви, маслиново масло, лути пиперки и зелен чај.

Тие ќе го забрзаат метаболизмот и ќе согорувате масти многу поефикасно. А, дури и само мирисот на цитронот или нането може да ви го намалат апетитот, па не ги избегнувајте.

za-site-mrzlivi-i-nevezhbachi-brzi-trikovi-za-slabeenje-07.jpg

Заборавете на забраните

Ако сакате да си земете колаче или чоколадо, направете го тоа и не си забранувајте ништо. Но наместо 100 g благо, земете 2-3 коцки и изедете ги наутро за да имате време да ги согорите во текот на денот калориите.

А, строгите придржувања и рестрикции влијаат негативно на стресот и на хормоните.

za-site-mrzlivi-i-nevezhbachi-brzi-trikovi-za-slabeenje08.jpg

Мијте ги забите

Секако дека веќе имате ваква навика наутро и навечер, но обидете се да стекнете навика да ги миете забите после секој оброк, без исклучок, бидејќи така ќе ја намалите желбата за уште една порција храна.

Прво, заради убавиот вкус во уста, второ, бидејќи ќе ви здодее постојано да ги миете забите после секое јадење.

za-site-mrzlivi-i-nevezhbachi-brzi-trikovi-za-slabeenje-09.jpg

Смејте се

Според многу истражувања, кога се смееме, енергијата се зголемува за 20% повеќе отколку кога одмараме, плус со тоа правиме и вежби за стомачните мускули. Па, која е вашата омилена комедија?

za-site-mrzlivi-i-nevezhbachi-brzi-trikovi-za-slabeenje-10.jpg

Топли облоги

Еве уште еден лесен метод да намалувате тежина додека гледате серија. Затоплувањето предизвикува потење, а така се ослободувате од вишокот течности во телото.

Па затоа, користете топли облоги ако сакате да влијаете на намалувањето килограми. Најпопуларни облоги се оние со сол и ѓумбир, а за да го зголемите ефектот, дувајте со фен за подолго да остане топла облогата.

za-site-mrzlivi-i-nevezhbachi-brzi-trikovi-za-slabeenje-11.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти) Во лето, не го поминувајте цел ден под клима бидејќи високите температури го нам...
10 (ефикасни) трикови со кои ќе се ослободите од масните наслаги на бутовите Преголемиот внес на сол прави вашето тело да го задржи вишокот вода, што пак пре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg