Дневна доза инспирација: Како се менува ликот на луѓето откако драстично ќе ослабат?
Една од најпосакуваните желби и цел која многумина си ја поставуваат за во новата година е да ослабат и да изгледаат подобро од претходната.
За некого, исхраната и вежбањето се начин на живот и одржување на формата на телото. Но, за други, слабеењето значи остварување на соништата и целосно менување на животот.
Секако, тешко е да се остане упорен до крај и најчесто многу се откажуваат, па истата желба ја посакуваат секоја нова година, но постојат и такви, кои издржале и се бореле за она што го посакале.
А, резултатот кој ќе го постигнат луѓето за кој тоа бил животен сон, е и повеќе од забележителен.
Освен што го подобрува здравјето, слабеењето целосно го менува и изгледот на човекот кој ќе изгуби многу килограми, што одлично влијае на самодовербата, како и на тоа како другите ќе го гледаат и доживуваат.
Успехот на упорните претставува мотивација за сите, па инспирирајте се од следниве примери кои ќе ви покажат колку ликот на луѓето се менува откако драстично ќе ослабат:
Ослабела 76 kg за 11 месеци
Неговата цел била да ослабе 119 kg и успеал, дури и си ги надминал очекувањата
Ослабел 90 kg за 3 години
За 1 ипол година ослабела 55 kg, а за уште 3 години дошла до идеална тежина
Разликата кога некој ќе ослабе 61 kg
За 5 години ослабела 36 kg, но вредело
М. М. | Црнобело