Совети од поранешниот личен тренер на Дејвид Бекам: Како до идеална фигура?
Теган Хајнинг, поранешниот личен тренер на Дејвид Бекам и уште многу други не толку познаци личности, ја издаде нејзината книга „The 7 Day Quickie“ во која се зборува за основите на одржување на здравјето и стекнување навики за исхрана.
Таа вели дека книгата е направена за да ги мотивира читателите да го подобрат нивниот сон, да се „исчистат“ од лошите навики на исхрана на кој потклекнале и да го истегнуваат и зајакнуваат телото со редовни балансирани програми за вежбање.
https://www.instagram.com/p/Bb_QoiEHwl6/?hl=en&taken-by=teganhaining
Според неа, најдобриот начин за горење калории е кревање тежина:
„Верувам во тренинг двапати неделно во теретана со тегови. Не се плашете, нема да станете бодибилдери. Најбрз начин да се ослабе е да се крева тежина, така создавате мускулна маса и го забрзувате метаболизмот. Мора да јадете за маснотиите да се претворат во мускул и вашата исхрана не треба да биде скромна, во спротивно, нема да имате сила за вежбање. Исто така препорачувам јога двапати неделно. Мислам дека клучна работа за јогата е тренерот. И најважно од сѐ е да не сео ткажувате после првото лошо искуство.“
Совет од згодната девојка, со кој сите ќе се сложиме е да не се заплашувате себеси со празни ветувања.
Па така, не треба да се залажувате дека веќе никогаш нема да јадете благо или помфрит и дека од утре секој ден ќе вежбате.
Доколку во поголемиот дел од денот практикувате правилна исхрана, со тек на време, ќе стекнете навика и ќе се заљубите во новиот начин на исхрана и затегнато тело, па нема да мора да си поставувате строги правила.
„Сите сакаме да уживаме во тоа што го сакате, само треба да научиме да бидеме упорни и да се стремиме кон здрав животен стил“ – додава таа.
Професионалниот тренер препорачува да консумирате рибино масло, листест зелечнук, боровинки, лук и ферментирани производи.
Исто така, друго нешто што помага за одржување на фит форма е добриот сон:
„Плус еден час поминат во спиење, може да биде корисен како 1 час поминат во теретаан. Неопходно е да си обезбедувате доволен сон, бидејќи така ќе станете посилни и порелаксирани. Мускулите ќе ви бидат обновени и телото ќе ја добие потребната форма, секако доколку редовно вежбате и се храните правилно“.
Предлог мени за еден ден кој ќе ви даде сила:
- Појадок: кафе, јајца со авокадо, свеж домат и димен лосос
- Ужина: бадеми
- Ручек: лесна супа
- Ужина: тост од ‘ржан леб со бадемово масло и мед
- Вечера: мали стекови со многу путер и сенф (сервирани со зеленчук)
- Десерт: млеко или темно чоколадо
https://www.instagram.com/p/BO-uVQPBO1k/?hl=en&taken-by=teganhaining
М. М. | Црнобело