Како да стекнете поголема кондиција за трчање?

Сите сакаме да спортуваме, да бидеме физички активни и да се сликаме по маратони, но понекогаш самата помисла на трчање нѐ уморува дури и додека седиме и размислуваме на таа тема.

kako-da-steknete-pogolema-kondicija-za-trcanje-001.jpg

Вистината е дека никој не се родил со стекната кондиција. Секој што може да истрча најмалку 5 km поминал низ напорните фази за „набивање“ на кондиција.

Верувале или не, но трчањето е една од најлесните форми на вежбање, а има и голем број на предности. За да трчате не ви е потребна скапа опрема, не мора да уплаќате во теретана и што е најважно од сѐ можете да трчате буквално секаде.

Па, доколку сакате активно да трчате, но не знаете од каде да почнете, ние имаме неколку совети за вас. Во продолжение прочитајте 6 трикови коишто ќе ви помогнат побрзо да стекнете рутина и кондиција за трчање.

Пронајдете инспирација

Навистина важен момент е да пронајдете одговор на прашањето „зошто трчате, бидејќи тоа ќе ви биде водилка и инспирација, мотивација да продолжите, особено во оние дождливи утра или после напорен ден во канцеларија (на работа), кога сѐ што сакате е само да легнете (да се испружите) на троседот.

Може да трчате за да ослабите, може да трчате за да се подготвите за натпревар, трка или маратон, може да трчате за подобрување на општата здравствена состојба и фитнес. Без оглед на тоа која е причината, поставете си достижна цел и токму тоа ќе ве држи мотивирани, а трчањето ќе се претвори во полесна рутина.

Најдете другарче за трчање

Здружете се со пријател, колега или тренер - некој кој ќе ве направи поодговорни во трчањето, а исто така и ќе се потпира на вас. Никој не сака да го изневери другиот. Од друга страна пак, трчањето со пријател е позабавно, добивате поддршка и полесно е да се држите до рутината.

Одберете соодветни патики

Поседувањето соодветни патики е императив. Трчањето во несоодветни обувки (патики) може да доведе до плускавици, модринки, па дури и до несакани повреди. Одберете патики во кои се чувствувате најпријатно, односно патики кои најдобро одговараат на формата на вашите стапала.

Пронајдете го вашиот ритам на трчање

Започнете мирно и фокусирајте се на дишењето и ставот на трчање. Бидете сигурни дека го користите дишењето за да ве води, со длабоки вдишувања преку носот и издишувања низ устата. Може да експериментирате со различни шеми на дишење, но најважно е да внесувате што е можно повеќе кислород, бидејќи кислородот ги храни вашите мускули додека тие работат напорно за да го одржат темпото. Со тек на време, вашето тело ќе се навикне на трчањето, ќе стекнете издржливост и ќе имате повеќе енергија за да истрчате подолги релации.

Прилагодете рутина на трчање која најмногу ви одговара

Кој вид на трчање ќе го практикувате, најмногу зависи од целта која сакате да ја постигнете. Ако сакате да го елиминирате стресот и да се релаксирате, тогаш рекреативното трчање во природа е најдобриот лек. Трчање во интервали во кои краток временски рок се трчаат спринтови, а останатото време се држи темпо се одлични за согорување на калории.

Подгответе си листа на песни за слушање

Факт е дека музиката прави да се движите. Докажано е и тоа дека помага во мотивацијата при вежбање. Ритамот на музиката го апсорбираме и го претвораме во движење и тоа е факт. Трчањето може да стане монотоно, па затоа ритамот од музиката помага сѐ да стане поинтересно.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
3 лесни јога вежби за трудници – ги намалуваат болките и вкочанетоста Јога вежбите се одлични за намалување на вкочанетоста и болките кои доаѓаат со б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg