Го малтретирале заради дебелината: За 1 година се преполовил и сега изгледа како модел
20-годишниот Остин Шифлет од Вирџинија има неверојатно лоши искуства од школските денови, па затоа што децата го малтретирале заради тежината, избегнувал да оди на часови.
Со денови останувал заклучен во својата соба, играјќи игри, јадејќи брза храна и газирани сокови.
Остин мислел дека има околу 110 килограми, но откако на своите 17 години открил дека тежи цели 147 килограми, побарал помош.
Прво ја побарал Аткинсковата диета со која неговата баба изгубила неколку килограми и сакал да се обиде.
Го намалил внесувањето на јаглехидрати, ги исфрлил грицките и брзата храна и редовно одел во теретана.
За само 3 месеци изгубил 36 килограми и тоа го поттикнало да продолжи со трансформацијата.
Му требале 10 месеци за да изгуби цели 70 килограми и речиси да ја преполови својата тежина. Губењето на килограми покрај тоа што му го поправило здравјето, му ја зголемило и самодовербата.
Остин моментално собира пари за операција со која ќе ја отстрани вишокот кожа и планира да запише спортска медицина како би им помогнал на останатите луѓе кои го имаат истиот проблем.
М. Д. | Црнобело