Совети од тренерот на Меган Фокс и Ријана: Како да ги намалите последните 2 килограми?
При секое наближување на летото сите размислуваме колку време и вежбање ќе ни требаат за да ги намалиме килограмите и да го облечеме омилениот костим за на плажа.
Харли Пастернак е едно од имињата кое во спортските, а и во холивудските, кругови ужива доста голем углед. Тој е амбасадор на спортскиот бренд „New Balance“, но и тренер на ѕвезди како Меган Фокс, Хали Бери и Ријана.
Во неговата нова книга насловена „5 Pounds“ ќе најдете совети како да ги намалите последните 2-3 килограми за само пет дена, но и како да ја одржите саканата тежина на долгорочен план преку лесни рецепти и вежби приспособени кон важите желби и потреби.
Ова се најважните совети кои тој ги нуди:
1. Пешачете
Симнете некоја од многубројните апликации кои ви покажуваат колку растојание сте изоделе и обидете се секој ден да направите барем 10.000 чекори. Додека зборувате на телефон наместо да седите, станете и шетајте.
2. Одете во кревет 30 минути порано од планираното
Истражувањата покажале дека зголемувањето на тежината честопати е предизвикано од недостаток на сон.
3. Јогуртот може да биде одлична ужина
Истражувањата покажале дека луѓето кои внесуваат млечни производи богати со протеини имаат пониско ниво на масти и живеат подолго. Овошен јогурт со грст капини би бил одлична закуска која ќе му даде сила и енергија на вашето тело.
4. Пијте многу вода
Дехидрацијата понекогаш прави да чувствуваме глад и да јадеме и кога тоа не му е потребно на нашето тело. За 25 kg телесна тежина потребно е да испиете минимум 1 l вода. Пресметајте колку треба да испиете вие и држете се до ова правило.
5. Оставете го мобилниот во кујната преку ноќ
Навиката постојано да го проверувате во текот на ноќта влијае негативно на квалитетот на вашето спиење.
6. Среќни стапала = повеќе согорени калории!
Носењето на вистинските обувки нè тера да се движиме повеќе. Затоа кога купувате обувки водете сметка тие, покрај убави, да бидат и удобни.
7. Барем еден од оброците во денот подгответе го во блендер
Секогаш кога немате идеја што да јадете и посегнувате по храна која не е толку здрава сетете се на блендерот. Само ставете јогурт, јаболко, банана, спанаќ, бадеми и малку цимет и веќе имате совршено здрав оброк.
М. С. | Црнобело