Јога вежби кои ќе ве ослободат од болките во грбот
Брет Ларкин е јога инструктор од Сан Франциско која има сопствен канал на Youtube, каде споделува голем број вежби кои ќе ви помогнат да постигнете внатрешен баланс и да се ослободите од болките предизвикани од долгото седење или стоење.
Болките во `рбетот се болки кои се јавуваат кај најголемиот дел од луѓето и се поврзуваат со долготрајно седење во неправилна позиција и отсуство на физички активности.
Ова 15-минутно видео ќе ви покаже како за кратко време можете да си помогнете себеси и да заборавите на болките. Од вас се бара само желба и упорност.
А, ако сакате да постигнете целосно уживање најдете тивко и мирно место, запалете неколку миризливи свеќи, пригушете го светлото и дозволете и на јогата да завладее со вашето тело.