Најчести причини поради кои избегнуваме да одиме во теретана
„Немам време“, „Премногу работам“, „Од понеделник почнувам“ – Познато?
Ова не се единствените причини поради кои ја избегнувате теретаната има и уште некои кои ретко кој ги кажува.
Верувале или не, истражувачите велат дека за тоа се виновни фотографиите на Инстаграм и на другите социјални мрежи, каде се ставаат слики во сексуален контекст. Фотографиите каде сите изгледаат привлечно и атрактивно, често подлежат на Фотошоп. Виновна е и ликрата.
Едно ново истражување покажало дека луѓето не сакаат да вежбаат во теретана затоа што ќе мора се облечат во ликра и ќе им се познава секој недостаток и најстрашното – целулитот.
Во истражувањето учествувале 1.200 луѓе. Резултатите покажале дека она што ги спречува луѓето да одат во теретана е стравот дека нема да изгледаат добро пред другите.
Резултатите од истражувањето:
51% се плашат да одат затоа што нема да изгледаат добро во ликра.
46% Се плашат да вежбаат јавно.
38% Се плашат дека ќе изгледаат глупаво пред другите.
63% Се плашат од повреди.
Најголема анксиозност чувствуваат лицата од 18 до 24 години.