Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дневникот на една 19-годишна идна мајка: Вежба во 8ми месец од бременоста и изгледа одлично!

Кристина Сретовиќ има 19 години и живее во Чачак. Таа е во 8-от месец од бременоста и изгледа одлично благодарение на здравата исхрана и редовното вежбање.

dnevnikot-na-edna-19-godishna-idna-majka-vezba-vo-8mi-mesec-od-bremenosta-i-izgleda-odlicno-01.jpg

Погледнете како изгледа нејзиното секојдневие и што таа запишува во својот дневник.

„Најчесто се будам во 7 часот наутро и секогаш појадувам во првиот час по станувањето. Прва работа која ја правам кога ќе станам е тоа што пијам најмалку 250ml вода со мултивитамини и омега-3 масни киселини како додатоци.“

dnevnikot-na-edna-19-godishna-idna-majka-vezba-vo-8mi-mesec-od-bremenosta-i-izgleda-odlicno-1.jpg

Потоа e време за појадок.

„Мојот здрав појадок веќе три години претставува шејк кој комплетно го заменува оброкот и прави да се чувствувам одлично, а и резултатите се феноменални“ - вели, Кристина.

„Што се однесува до вежбањето за време на бременоста, се трудам да биде секој или речиси секој ден.“

„Сега кога сум во 31-ата недела од бременоста вежбањето се состои од само лесни вежби за затегнување и малку кардио вежби. Исто така, практикувам и јога за трудници и навечер пешачам.“ - објаснува младата трудница.

Тренинзите се прават согласност со тримесечјето во кое сте и со постојано консултирање со лекар специјалист. “Тренингот ми се одвива еден час по појадокот и трае околу 45 минути“.

dnevnikot-na-edna-19-godishna-idna-majka-vezba-vo-8mi-mesec-od-bremenosta-i-izgleda-odlicno-2.jpg

По појадокот следи:

„Првата ужина е 3 часа по појадокот и најчесто е овошје како: банана, портокал, јаболко, јагоди и сл.

3 часа по ужината време е за ручекот. Истиот секогаш содржи големи количини на зеленчук во комбинација со пилешко месо или риба.

Месото е секогаш динстано или печено. Избегнувам пржење, похување и фритези бидејќи таквиот начин на подготовка не прави да се чувствувам добро.“ 

Втората ужина е меѓу 17 и 18 часот и најчесто е протеинска. Најчесто консумирам бадеми, печени несолени кикирики, зготвена белка од јајце, јогурт со овошје, свежо сирење и чаша сок од свежо цеден портокал.

Многу е важно ужината да не премине 150 калории затоа што во спротивно, ќе претставува цел еден оброк.

За вечера јадам нешто лесно како салата, варено овошје, печено месо или шејк.

Во текот на денот пијам најмалку 2.5l вода бидејќи таа е најважна за добро функционирање на организмот.“ - наведува Кристина.

Што се однесува до самата бременост Кристина изјавува дека напредува одлично. „Јас и бебето се чувствуваме одлично“.

dnevnikot-na-edna-19-godishna-idna-majka-vezba-vo-8mi-mesec-od-bremenosta-i-izgleda-odlicno-3.jpg

Главен совет кој го препорачува на трудниците е: „Многу мајки ме прашуваат како издржувам да не јадам благо и храна со повеќе каолории, а мојот одговор е секогаш ист. Избалансираната и разноврсна храна во комбинација со редовни оброци прави да се чувствувам сита и немам потреба од шеќери и калорична храна“.

dnevnikot-na-edna-19-godishna-idna-majka-vezba-vo-8mi-mesec-od-bremenosta-i-izgleda-odlicno-04.jpg

Велат: „Сега јадете за двајца“, но оваа девојка покажува дека и во бременоста не е потребно да внесувате повеќе од 2.500 калории дневно.

„На мајките и трудниците би им препорачала да се хранат здраво, редовно и да уживаат во активностите кои најмногу ги сакаат“ - заклучува Кристина.

Вака изгледа Кристина пред бременоста:

dnevnikot-na-edna-19-godishna-idna-majka-vezba-vo-8mi-mesec-od-bremenosta-i-izgleda-odlicno-5.jpg

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
14 мажи кои направија импресивна трансформација на телото со вежбање „Се чувствувам многу подобро. И не сум полуден по здрав начин на живот, само веж...
Водич: Како да се вратите во форма за еден месец, само со пешачење? АКо се „улегнавте“ во летниот период, можете да се вратите во форма само со пеша...
8 вежби што сигурно ги правите погрешно во теретана Дали кога кревате тег на клупа имате навика да го искривувате грбот? Тогаш можеб...
6 вежби што можете да ги правите додека ја гледате омилената серија Ако повеќе сакате да си пуштите серија или филм отколку да одите во теретана, зо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg