5 вежби со кои ќе ја замените теретаната, а може да ги правите каде било
Вежбањето е здраво, но бара многу време, место, а понекогаш и пари. Поради начинот на живот често може да немате ниту еден час за тренинг во теретана или за каква и да е програма за вежбање, особено кога знаете дека трошите време и на пристигнување, заминување, подготовка, загревање и опуштање.
И покрај тоа, упорни сте во вежбањето и редовно одите на тренинзите, се трудите, но наеднаш доаѓа период на презаситување, кога едноставно немате ментална сила за еден ист процес неколку пати неделно.
За да ја замените теретаната, а да ја одржите формата може повремено да го промените ритамот и да направите 5 брзи, но не многу едноставни вежби со висок интензитет и така да го надоместите повеќечасовниот тренинг.
1. Легни - стани - скокни
2. „Високи“ колена
3. Исчекор во скок
4. Скок колена - гради
5. Скок од чучнувања