Не сакала да биде дебела невеста, па ослабела речиси 40 килограми пред венчавката
Жената која порано „пукала“ во својата медицинска униформа подлегнала на строга диета за да се појави како слаба невеста на својата свадба и денес има 39 килограми помалку.
31-годишната Claire Crowthers од Северн Велс, Британија решила инстантно да ги согори килограмите откако добила критика за нејзиниот изглед на работа. Со помошта и поддршката на нејзиниот сопруг успеала да намали дури 39 килограми.
„Бев шокирана и загрозена, но знаев дека овој тотален странец е во право и ме мотивираше да го променам својот изглед целосно“ - вели, Клер.
Нејзината тежина се зголемувала колку и да се трудела да вметне неколку сесии на вежбање во нејзината животна рутина. Со нејзиниот брз и бурен стил на живеење успевала само да добие повеќе килограми, а не да ги намали. „Бев страсен уживател на брза храна и тогаш кога ќе го почувствува стресот посегнував по сладоледот и пиците“.
Со својата висина од 160 cm таа достигнала тежина од 89 килограми и како што вели: „Не можев да се погледнам себеси во огледалото. Се гадев од самата себеси и бев лош пример за мојата ќерка“.
Била класификувана како морбидно дебела и нејзиното здравје било загрозено. Дури одбивала и да се венча со својот маж бидејќи не сакала да биде дебела невеста.
Клучниот момент се случил кога едно утро и помагала на жената која била во болницата за пораѓање и ја искритикувала за нејзиниот изглед. Промените започнале да се случуваат. ,
За 10 месеци изгубила цели 25 килограми и продолжила со намалувањето на тежината. Покрај зачленувањето во теретаната каде одела и нејзината сестра започнала и со низа други тренинзи.
„Теретаната не само што стана место за вежбање туку и начин на кој ќе ги постигнам моите цели туку и место каде запознавав нови луѓе и стекнував нови пријателства“.
По година дена изгубила 39 килограми и откако нејзиниот сегашен сопруг ја запросил, конечно прифатила и го купила невестинскиот фустан кој отсекогаш сакала да го носи.
Откако го променила нејзиниот начин на живеење и нејзиниот изглед, продолжила заедно со сопругот да го менува своето тело. Со 17-месечниот предизвик својот изглед го променила уште еднаш.
„Сега го имам трансформирано своето тело два пати, прво од дебела во здрава и од здрав изглед во атлетски. Горда сум на себе и својот изглед“.
„Се чувствувам неверојатно, моето здравје е подобрено и повеќе не ја мразам личноста која гледа во мене од огледалото. Сега ја имам потребната доверба да го живеам мојот живот во целост“, вели Клер.