„Не е лесно да дресирате волк“ - Мајка од Русија и 7-годишниот син живеат со необично милениче

Алида е млада мајка од Русија која чува навистина необично милениче – волк. Алида вели дека сега волкот е питомо милениче, но дресирањето не било воопшто лесно. Истовремено, младата мајка често е мета на критики бидејќи има и 7-годишен син.

dresiranjeto-ne-beshe-voopshto-lesno-majka-od-rusija-i-7-godishniot-sin-zhiveat-so-mileniche-volk-01.jpg

Иако волците се предци на кучињата, кои се едни од најчестите миленици, овие животни се диви и непредвидливи, па ретко кој би се осмелил да ги чува дома. Но, ова не важи за Алида од Русија, која ја вдомила малата волчица која ја крстила Кира.

Алида открива дека мајката на Кира била „домашен“ волк, но семејството што ја чувало не се грижело добро за неа. Поради ова, волчицата била однесена во засолниште, а таму ја родила и Кира.

„Ако ја пуштиме Кира во дивината, најверојатно нема да преживее бидејќи никој не ја научи да лови. Три дена откако ги роди, мајката на Кира престана да се грижи за неа и другите малечки, па сите беа хранети од луѓето во засолништето“.

ne-e-agresiven-no-dresiranjeto-ne-beshe-voopshto-lesno-rusinka-chuva-mileniche-volk-koj-bil-napushten-od-majka-si-foto-02.jpg

Алида открива дека ја вдомила Кира кога наполнила 28 денови, а таа самата ја хранела со млеко. Но, бидејќи сепак станува збор за волк, воопшто не било лесно да ја припитоми.

„Паметна е, но многу е тврдоглава. Кога прави нешто, се фокусира само на себе, не на мене. Уште кога ја зедов почнав да ја социјализирам. Ја носев меѓу кучиња, луѓе и деца. Ја шетав на разни места за да може да почувствува разни мириси, да слушне нови звуци. Волците имаат вроден страв од нови нешта. Ова е тежок и долг процес, но е неопходен ако сакам Кира да живее со мене во урбана околина и да се чувствува удобно“.

ne-e-agresiven-no-dresiranjeto-ne-beshe-voopshto-lesno-rusinka-chuva-mileniche-volk-koj-bil-napushten-od-majka-si-foto-03.jpg

ne-e-agresiven-no-dresiranjeto-ne-beshe-voopshto-lesno-rusinka-chuva-mileniche-volk-koj-bil-napushten-od-majka-si-foto-04.jpg

Младата девојка вели дека целиот труд не е залуден:

„Кира е стабилна, не е агресивна во близина на други кучиња и не ги провоцира. Внимателно се однесува со деца, а ако забележи дека некое дете се плаши од неа, нема да му пријде“.

ne-e-agresiven-no-dresiranjeto-ne-beshe-voopshto-lesno-rusinka-chuva-mileniche-volk-koj-bil-napushten-od-majka-si-foto-05.jpg

Алида вели дека кога ја шета на улица, луѓето не се исплашени, туку најчесто се љубопитни и ја замолуваат да се фотографираат со неа.

„Некогаш ме прашуваат дали е опасно да се живее со волк кога има дете дома“, вели Алида која има 7-годишен син.

ne-e-agresiven-no-dresiranjeto-ne-beshe-voopshto-lesno-rusinka-chuva-mileniche-volk-koj-bil-napushten-od-majka-si-foto-06.jpg

Денес Кира е „домашен“ волк, но Алида вели дека неретко е критикувана онлајн.

„Луѓето на интернет некогаш се гневни и пишуваат секакви работи. Неодамна имаше неколку статии и емисии за нас, па прочитав многу коментари дека сум глупава бидејќи дома чувам предатор“.

ne-e-agresiven-no-dresiranjeto-ne-beshe-voopshto-lesno-rusinka-chuva-mileniche-volk-koj-bil-napushten-od-majka-si-foto-09.jpg

„Сега живееме со неа и ги рушиме стереотипите за волците. Дали е тешко да тренирате ваков ѕвер? Многу. Но, знаев што ме очекува кога ја вдомив. Многу истражував и разговарав со многу луѓе кои се грижат за волци“.

Алида има и Инстаграм профил со над 7.000 следбеници, каде што редовно споделува фотки и видеа од Кира.

ne-e-agresiven-no-dresiranjeto-ne-beshe-voopshto-lesno-rusinka-chuva-mileniche-volk-koj-bil-napushten-od-majka-si-foto-07.jpg

ne-e-agresiven-no-dresiranjeto-ne-beshe-voopshto-lesno-rusinka-chuva-mileniche-volk-koj-bil-napushten-od-majka-si-foto-08.jpg

Што мислите вие за ова необично милениче? Дали е лудост или Кира сепак е доказ дека и волците можат да бидат припитомени?

Повеќе фотки и видеа од Алида и нејзиниот волк на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg