28-годишна девојка од Англија го напуштила градот за да живее на фарма село
Пред 8 години Хана се откажала од градскиот живот и секојдневието го минува на фарма на село со своите јагниња, коњи, кучиња.
Хана Џексон е 28-годишна девојка од Англија која од градот Вирал се преселила на фарма на село во близина на Карлајл, Камбрија.
Таа овој потег го направила пред 8 години и вели дека ужива во секој аспект од руралниот живот, кој го споделува со своите 66.000 следбеници на Инстаграм.
Хана сака да порача дека во животот можеме да бидеме тоа што сакаме да бидеме и не смееме да дозволиме стереотипите на општството да нѐ дефинираат.
Вели дека кога почнала со животот и работата на фарма сите имале предрасуди и ја нарекувале градската девојка со црвена коса која сигурно нема да се снајде, но таа вели дека не се откажала, им докажала дека грешат и сега го живее својот сон.
На фармата Хана има 250 овци, кози, пони, свињи, кокошки, патки, кучиња итн.
Како изгледа нејзиниот живот низ фотки: