Фотосесијата на Мама Пиклс и нејзините 8 женски кученца ќе ви го наполни срцето со радост (фото)

Мама Пиклс е двегодишен питбул со крзно во бела боја со карамел нијанси, златно-кафени очи и огромен стомак. Нејзините претходни сопственици ја напуштиле, па ја вдомиле волонтери во прифатилиште за животни во Шарлот, Северна Каролина.

Fotosesijata-na-Mama-Pikls-01.jpg

Тие веднаш се вљубиле во нејзиниот весел и разигран дух, вклучувајќи ја и фотографката Лорен Сајкс и одлучиле дека Мама Пиклс би била одличен модел за фотосесија заедно со нејзините 8 преслатки кученца.

Потребни биле многу грицки и трпение за да се реализира фотосесијата, но Мама Пиклс била совршена, а се забележувало и колку ужива во вниманието. Како типичен питбул што ќе направи сè за да го пофалат и погалат.

Сите 8 кученца кои дошле на овој свет од стомакот на Мама Пиклс се женски.

Единствениот логичен потег било да се направи оваа неверојатна фотосесија која со сигурност ќе ви го исполни срцето со топлина и радост:

Fotosesijata-na-Mama-Pikls (9).jpg

Fotosesijata-na-Mama-Pikls (8).jpg

Fotosesijata-na-Mama-Pikls (7).jpg

Fotosesijata-na-Mama-Pikls (6).jpg

Fotosesijata-na-Mama-Pikls (4).jpg

Fotosesijata-na-Mama-Pikls (2).jpg

Fotosesijata-na-Mama-Pikls (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Бенгалски тигар, нилски коњ - Кои се најсмртоносните цицачи на Земјата? Некои цицачи имаат неверојатна сила и моќ, а човечката средба со нив може да бид...
Ракун во тоалет, мечка во двор – Луѓе споделуваат фотки од диви животни кои им дошле „на посета“ „Ракун ни провали дома – ни направи хаос во тоалетот“. „Утрово се разбудив и ме ...
Најмалите животни во светот – некои се долги само 2 сантиметри Најмалиот водоземец е жаба долга само 1cm. Дознајте кои се најмалиот цицач, најм...
Змија со две глави и уште 11 животни кои изгледаат нереално поради генетски мутации (фото) Сте виделе ли германски овчар со џуџест раст или маче со два носа? Сте виделе...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg