Зошто носот им е влажен и уште 9 работи за кучињата кои ве интересираат
Дали помалите видови навистина лаат повеќе?
За помалите видови кучиња се верува дека се многу погласни од големите. Но, само затоа што кучето е од поголем вид, не е гаранција дека ќе биде тивко. Важи и обратното.
Но, поголема е веројатноста дека малото куче, како чивава, ќе биде погласно. Наводно, некои видови се добивани со вкрстување, само за да бидат погласни. На пример, задачата на ловечките кучиња е да го известат сопственикот за пленот, па овие видови веројатно ќе лаат повеќе и погласно.
Кои се попријателски настроени – машките или женските кучиња?
Изгледа дека во овој случај не постои голема разлика помеѓу машките и женските кучиња. Експертите сметаат дека со правилниот тренинг и социјализација уште од најрана возраст, вашето куче ќе биде пријателски настроено, без разлика на неговиот пол.
Дали некои видови се полојални од други?
Иако за некои видови кучиња се верува дека се подобри придружници, и во овој случај влијаат дресирањето и начинот на одгледување.
Исто како кај лаењето, разните видови се одгледуваат за различна цел, па некои видови можат да бидат полојални. Кучето од секој вид може да биде одличен миленик ако добро се грижите за него.
Дали можете да му давате живо месо на кучето?
Ветеринарите препорачуваат да не му давате живо месо на кучето, бидејќи не постојат цврсти докази дека живото месо е поздраво за кучињата.
Напротив, неколку истражувања покажале дека живото месо го зголемува ризикот од одредени нарушувања, па дури и од зарази со бактерии како салмонела или листерија.
Дали кучињата плачат со солзи кога се тажни?
Иако кучињата имаат емоции и можат да бидат тажни, нивните солзи не се поради тага, туку поради иритација.
Кучињата не можат да плачат како луѓето, но имаат солзни жлезди кои служат за заштита од алергии, страни тела во окото и слично.
Ако забележите дека очите на вашето куче солзат повеќе од вообичаено, подобро консултирајте се со ветеринар.
Спирова С. | Црнобело