-->
Веројатно повеќемина од вас слушнале за слоганот „Adopt, Don’t Shop“, што во превод би значело „Вдоми, не купувај“.
Кампања која се протега цели 12 години, создадена со една и единствена цел - подигнување на свеста кај луѓето, особено оние кои решиле да го збогатат својот дом со уште еден член.
-->
Член, кој со сигурност ќе ја донесе најголемата радост во семејството. Бројот на улични и напуштени миленици кај нас, за жал, сѐ повеќе се зголемува.
Постојат повеќе организации кои секојдневно се борат да ги заштитат овие кревки суштества, чија среќа баш и не им се насмевнала.
Потребно е толку малку, за тие на вас да ви го возвратат сиот „свет“. Месец јануари беше навистина среќен за неколу од нив.
Во продолжение ви издвојуваме 20 фотографии од штотуку посвоени миленичиња кои навистина ќе ви го стопат срцето:
-->
-->
1. „Мојот пријател тукушто ми испрати порака која гласеше: 'Вчера вдомив куче', проследена со следнава фотографија“
-->
2. „Посвоивме 11-годишен, стар мачор од стационар во Чикаго. Тој и мојата 13-годишна ќерка се заљубија еден во друг. Оваа фотографија е по нејзиното враќање од камп, каде што престојуваше една недела“
3. „Моето посвоено маче му посакува добредојде на новиот член на нашето семејство“
-->
4. „Јубиле е вдомен!“
5. „На пат кон дома, веднаш по нејзиното посвојување. Каков татко, таква ќерка“
6. „Начинот на кој нашето ново кученце ме гледаше целиот пат кон неговиот нов дом целосно ми го стопи срцето“
7. „Го вдомив минатата недела. Се чини дека е среќен поради тоа“
8. „Ова е Ругер. Го спасивме во август. Тој беше пронајден во кутија оставена на патот. Без никаква негова вина. Ова кутро животинче можеше да умре. Не можам да размислувам на тоа без да заплачам. Сега тој е едно од нашите деца и никогаш нема да го напуштиме“
9. „Ова слатко момче кое го вдомивме вчера не може да биде посреќно. Неговото име е Мус“
10. „Штотуку го спасив ова кутре од улиците. Нашата прва фотографија по топлата купка и вкусната вечера“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира: