Тие припаѓаат на дивината - 7 извонредни животински домови кои може да ги посетите

Ширум целиот свет, дивите животни се заробувани, земани од нивните природни живеалишта, одгледувани во заробеништво и доживотно страдање, проследено со суровост и злоупотреба.

Tie-pripagjaat-vo-divinata-7- izvonredni-zivotinski-domovi-koi-moze-da-gi-posetite 01 630x340.jpg

Најголемата злоупотреба и експлоатација дефинитивно е препишана на циркусот.

Без разлика дали се работи за слонови приморани на разни начини да ги анимираат луѓето, селфиња со тигри или претстави со делфини, овие активности можат да предизвикаат доживотно страдање за дивите животни.

Повеќето од нив се лишени од храна и вода и осудени на секојдневно, монотоно страдање во темните, бетонски кафези.

Бидејќи побарувачката за животни во индустријата за забава стануваше сѐ поголема, овие животни продолжувааа да се користат и злоупотребуваат за профит во сè поголем број.

Последниве неколку години свеста на луѓето, особено на љубителите на животни станува сѐ поголема и борбата против нивната злоупотреба е сѐ посилна и поуспешна.

Дивите животни припаѓаат во дивината. Денес, ние знаеме многу повеќе за однесувањето на дивите животни и за видливите абнормални последици поради нивното заробеништво.

Затворените животни се лишени од скоро сè што би искусиле во нивните природни живеалишта, вклучувајќи простор за трчање и шетање и шанса да изберат со кого да се парат и да го делат својот простор. Секој аспект од нивните животи во заробеништво се контролира и манипулира.

Многу од заробените животни индицираат на психолошки стрес, како што е постојаното шетање во просторот, кубење, гризење на решетките, па дури и самоповредување.

Дали некогаш сте помислиле дека можете да ги набљудувате, па со некои од нив дури и да се дружите токму во нивниот дом, дивината?

Во продолжение ви претставуваме 7 неверојатни места низ целиот свет каде можете да ги набљудувате животните во нивното природно живеалиште:

1. Алјаска, САД

Со осум национални паркови, две национални шуми и 23 национални заштитници на животинскиот свет, Алјаска со својата огромна површина располага со голем број на диви животни кои живеат на неа.

Уникатни видови на мечки што го населуваат островот Кодијак, китовите и другите морски животни во националниот парк Кенаи Фјордс или мегафауната пронајдена во Националниот парк Денали (вклучувајќи карибу, овци, волци и два вида мечки), може да се видат многу животни во земјата која го инспирираше „Повикот на дивината“.

Tie-pripagjaat-vo-divinata-7- izvonredni-zivotinski-domovi-koi-moze-da-gi-posetite 02 630x360.jpg

2. Черчил, Канада

Прекарот „Градот на поларните мечки“ - Черчил во Заливот Хадсон е едно од ретките места каде што можат да се видат поларните мечки во дивината.

Постојат различни тури коишто може да се изберат, кои ви го нудат најблискиот контакт со мечката којшто некогаш сте го имале.

Черчил е исто така дом на околу 3.000 китови во текот на летните месеци и е одлично место за гледање на поларна светлина.

Tie-pripagjaat-vo-divinata-7- izvonredni-zivotinski-domovi-koi-moze-da-gi-posetite 03 630x360.jpg

3. Костарика

Да, цела Костарика! Џунглите на Костарика располагаат со мајмуни, крокодили, гуштери, жаби и птици.

Повеќе од 27% од земјата се области за зачувување на природата. Исто така може да се упатите кон Тортугуеро - градот без автомобили и без улици, во текот на септември и октомври да гледате стотици бебиња кои се излеваат на песочните плажи и повторно влегуваат во океанот.

Tie-pripagjaat-vo-divinata-7- izvonredni-zivotinski-domovi-koi-moze-da-gi-posetite 04 630x360.jpg

4. Голем корален гребен, Австралија

Едно од седумте чуда на светот и најобемниот систем на гребени на Земјата - Големиот корален гребен е дом на изобилство на морски видови, вклучувајќи желки, ајкули, риби и корали.

Tie-pripagjaat-vo-divinata-7- izvonredni-zivotinski-domovi-koi-moze-da-gi-posetite 05 630x360.jpg

5. Национален парк Серенџети, Танзанија

Серенџети е можеби едно од најдобрите места за да се види голем број на животни во нивното природно живеалиште.

Добро е познато по тоа што може да ја забележи „големата петорка“ - термин измислен од ловци, но во голема мера ги привлекува туристите кои сакаат лавови, слонови, биволи, леопарди и носорози.

Серенџети, исто така, може да се пофали со еден од најголемите системи за миграција во светот, со проценка на 2 милиони диви жирафи и зебри кои мигрираат заедно во различни периоди од годината.

Tie-pripagjaat-vo-divinata-7- izvonredni-zivotinski-domovi-koi-moze-da-gi-posetite 06 630x360.jpg

6. Борнео, Азија

Дом на 10 различни примарни видови, како слонови, леопарди, носорози, влекачи, птици и многу други, тропските дождливи шуми се живи со разнобоен и разновиден животински свет.

Борнео е едно од само двете места во светот каде што орангутаните сè уште преживуваат. Најголемата закана на орангутанот е уништување на живеалиштата за насади на палми.

Фред Галдикас од меѓународната конзервација „Орангутан“ смета дека зголемувањето на туризмот во таа област им помага на локалното население да сфатат дека орангутаните се „богатство на Борнео“ и тие треба да бидат заштитени.

Tie-pripagjaat-vo-divinata-7- izvonredni-zivotinski-domovi-koi-moze-da-gi-posetite 07 630x360.jpg

7. Островот на кенгури, Јужна Австралија

Островот на кенгури е една од најголемите светски дестинации засновани на природата во светот.

Помислете на остров со 509 км крајбрежје и 155 км од Источниот брег до Западниот брег.

Покрај изобилството на кенгури, можат да се видат и пингвини и коали, а во вистинското време од годината, надвор од бреговите на островот можат да се забележат и китовите.

Tie-pripagjaat-vo-divinata-7- izvonredni-zivotinski-domovi-koi-moze-da-gi-posetite 08 630x360.jpg

Мила M. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...
Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg