Животните цел живот се врзани со ланци - Розово обоената слика на суровата реалност во циркусот
Огромен дел од човековата популација се изјаснила дека обожава животни, па поради големата желба за поблизок контакт со нив редовно ја посетува Зоолошката градина и едвај чека во градот да се одржува циркус.
За жал, ретко кој од нив е запознаен со суштината на оваа манифестација, односно низ што сѐ треба да поминат животните за да го анимираат вашето внимание.
Глетката којашто вие имате прилика да ја видите е само една розово обоена слика на суровата вистина која се наоѓа позади платното. Таа е поболна од што можете да замислите.
Во продолжение ви наведуваме повеќе факти за циркусот кои треба добро да ги запаметите пред да се одлучите повторно да го посетите:
1. Дури 96% од животните во циркус своите животи ги поминуваат заврзани со ланци во своите кафези.
2. Лавовите, тигрите и останатите опасни животни се научени да ги следат командите бидејќи се плашат од камшикување.
3. Честопати слоновите ги измачуваат ударајќи ги со огромни палки со остра метална кука, разни камшици и електрични шокови, понекогаш дури нѐ прокрварат и сето тоа со цел да ги принудат да извршуваат опасни и непријатни трикови.
4. Кафезите каде што престојуваат животните се толку мали што одвај можат да направат чекор во било која насока.
5. Имаат целосно нарушување на нивниот животински инстинкт и се лишани од можноста да трчааат, да си играат и да се дружат.
6. Неретки се случаите во кои поради абнормалниот, измачувачки и стресен живот, се случува некое од животните да погреши, да направи материјална штета, па дури и тешко да повреди или усмрти некого.
Таквите „грешки“ животните ги плаќаат со својот живот.
7. Животните од циркусот поминуваат околу 11 месеци во годината патувајќи.
Тоа значи дека тие поминуваат повеќе од илјадници часови заврзани со синџири и принудени да стојат или пак да лежат во својот отпад.
8. Слоновите во циркусите неретко заболуваат од туберкулоза, а многу од јавните записи покажуваат дека неретко токму таквите слонови кои се покажале како носители на оваа болест, учествувале во повеќето од претставите.
9. Бебињата се оттргнати од своите мајки непосредно по своето раѓање.
Слоновите, лавовите, тигрите и шимпанзата се сметаат за едни од најсоцијалните диви животни, такашто осуденоста да живеат во осамена средина, целосно лишани од придружба многу често знае да развие разни болести поврзани со стрес, депресија, вознемиреност и фрустрација.
10. Делумното гладување и дехидрирање е вообичаената казна со која се соочуваат животните поради непокорноста што ја покажуваат.
11. Во еден од американските циркуси, во 1992 година починале најмалку 26 слонови, меѓу кои и четири бебиња.
Најтажна е приказната за осум месечното бебе по име Рикардо кое починало кршејќи ги двете задни нозе, додека паѓало од пиедесталот на циркусот.
12. Една од најдобрите работи што можете да ја направите е никогаш да не се сликате со дивите животни!
Сите оние фотографии со тигри, лавови па и нивните бебиња коишто се навидум пријателски расположени за дружба претставуваат една лажна идила, чија позадина е брутално жалосна.
Бидејќи физичкото насилство не е доволно за тигрите и лавовите да го прифатат тој неприроден терор, тие се дрогирани.
Триковите во кои лавот скока низ огнен обрач, слонот стои на задните нозе и мајмунот вози велосипед нема да ги научат нашите деца да ги сакаат и почитуваат животните, туку со сигурност ќе го постигнат спротивниот ефект, да пораснат во луѓе без трошка емпатија во себе.
Циркусите даваат образование во коешто поради нечија „забава“ и парична придобивка е прифатливо да се експлоатираат и малтретираат животните.
Мора да ја споменеме светската огромна иницијатива која демонстративно се бори за целосна забрана на употреба на животните во циркуси, како и да оддадеме огромна чест и признание на таквите коишто во своите шоуа не ги користат нив.
Мила М. | Црнобело