Како да го спасите вашето куче во 6 чекори?
Здравствените проблеми кај кучињата можат да се појават во секој момент. Доколку вашето куче одеднаш престане да дише или му застане срцето, ќе немате време да барате ветеринар. Затоа добро е да знаете како можете да му помогнете на вашето куче во овие ситуации.
Постојат две основни процедури што би требало да ги знаете – компресии и вештачка респирација.
Проверете го дишењето: Ставете ја раката пред носот на кучето и пробајте да го почувствувате воздухот. Исто така обрнете внимание дали неговите гради се креваат и спуштаат. Ако кучето не диши, проверете да не има нешто во устата и извадете му го јазикот надвор.
Проверете го пулсот: Притиснете го големото перниче од шепата на кучето за да го почувствувате пулсот. Можете да го проверите и на местото каде што ногата се спојува со телото.
Доколку кучето не дише и нема пулс, ќе треба да извадете кардиопулмонална реанимација.
Предупредување: Немојте да изведувате кардиопулмонална реанимација на здраво куче!
Прв чекор: Правилно наместете го кучето
- Легнете го кучето на страна на рамна површина.
- Главата треба да му биде исправена, а вратот издолжен. На овој начин се ослободуваат дишните патишта.
- Извадете го јазикот од устата на кучето, поставете го помеѓу неговите заби и затворете му ја вилицата. Застанете зад кучето.
Втор чекор: Најдете го неговото срце
- За поголеми кучиња: Процедурата се изведува на најширокиот дел од градниот кош, во близина на срцето, но не директно врз него.
- За помали кучиња (16,6 килограми и помалку): Поставете ги прстите од едната страна на градите, а палецот од другата, или само користете ги врвовите од прстите.
Трет чекор: Компресија
- Поставете ги дланките една врз друга со исправени лакти и почнете да притискате надоле кон градниот кош на кучето. Притискањето треба да биде цврсто и брзо.
- Потребно е да компресирате само 1/4 до 1/3 од широчината на градниот кош.
- Повторувајте ги движењата 15 пати, околу10 секунди.
- За помали кучиња: Немојте да ја користите целата дланка за мали кучиња. Употребете ги само прстите или палецот. Исто така, ќе треба да направите повеќе компресии – околу 17 во период од 10 секунди.